Едит Пјаф е родена на 19 декември 1915 година во Париз. На 104-годишнината од раѓањето на оваа прославена шансониерка, се потсетуваме на нејзиниот голем талент и животниот пат кој бил исполнет со големи лични трагедии.rnrn
rnrnИако се напишани бројни биографии за животот на славната француска пејачка Едит Пјаф, малку се знае за нејзиниот живот. Целото име на оваа Французинка која имала тежок живот од самото раѓање, е Едит Џована Гасион.rnrnНејзината мајка ја напуштила откако таа се родила, а нејзиниот татко отишол во војна, препуштајќи го воспитувањето на девојчето на нејзината баба, инаку позната „мадам“ во Нормандија. Едит своето детство го поминала во бордел и ја одгледале куртизани. Згора на тоа, таа била слепа од три до седумгодишна возраст, што наводно било предизвикано од воспаление на рожницата на окото.rnrnБиографите на Едит Пјаф сметаат дека растењето на такво несоодветно место влијаело врз нејзиниот поглед на животот, како и на нејзиниот однос кон мажите.rnrnТаа сметала дека кога маж ќе покани жена на состанок, таа не треба да го одбие.rnrnНа четиринаесетгодишна возраст, Едит му се придружила на нејзиниот татко, инаку патувачки акробат и почнала да се занимава со улични пејачки перформанси за ситни пари. Две години подоцна, таа се запознала со Луи Дупон, во кого страсно се вљубила, а врската резултирала со бебе, поточно со ќерката Марсел, која починала на само двегодишна возраст од менингитис.rnrnhttps://youtu.be/vwe3CzWZ4Bgrn
Од улица до дискографски успех
rnЕдит се здобила со поголема популарност во 1935 година кога била откриена на улиците во Париз од сопственикот на ноќниот клуб „Le Gerny’s“. Иако имала трема на сцената, Луи Лепли ја охрабрил да пее, а заради нејзината висина од само 142 сантиметри ја нарекле „La Mome Piaf“ (врапче) и прекарот ѝ останал до нејзината смрт.rnrnТој ја научил на основите на сценското движење и инсистирал таа да носи црн фустан додека настапува што потоа станал нејзин заштитен знак.rnrnПретставите во „Le Gerny’s“ ѝ донеселе договор за снимање на албумот и се чинело дека таа е на добар пат да постигне слава. Но, на 6 април 1936 година, Лепли бил пронајден мртов, а Едит Пјаф била една од осомничените.rnrnИако била ослободена, ѝ требало многу време за да го врати својот имиџ.rnrnЕдит започнала деловно-романтична врска со писателот Рејмонд Ас и заедно почнале да создаваат песни што биле обоени со нејзините животни искуства. Во повоена Франција, таа станала една од најбараните забавувачи, а најпознати се нејзините песни „La Vie en rose“, „Milord“, „Non je ne regrette rien“ и „Hymne a l’amour“.rnrnrn
Несреќна во љубовта
rnВо нејзиниот краток живот, Едит сакала неколку познати мажи. Таа имала врска со францускиот композитор и шансониер Чарлс Азнавур, а се омажила двапати. Судбоносното „да“ таа првпат го изговорила со Жак Пилс во 1952 година, а од него побарала развод пет години подоцна.rnrnБрачната среќа ја побарала и со дваесет години помладиот грчки фризер и забавувач, Тео Сарап, со кој се омажила во 1962 година и со него настапувала сè до нејзината прерана смрт во 1963 година. Таа починала поради неухранетост и проблеми со црниот дроб.rnrnСепак, Пјаф го сметала за „љубовта на нејзиниот живот“ боксерскиот шампион, Марсел Чердан. Таа се вљубила во него летото 1948 година и покрај фактот што тој бил оженет и имал три деца. Врската завршила со неговата трагична авионска несреќа една година подоцна.rnrnСпоред мотиви од нејзиниот бурен живот, бил снимен и признатиот филм „La vie en Rose“ во 2007 година. Во него глуми француската актерка Марион Котилар, која за главната улога добила и Оскар.rnrnhttps://youtu.be/kFzViYkZAz4rnrnМожеби сакате да ја прочитате и приказната за бунтовната сестра на кралицата: Ја нарекувале Рокенрол принцеза, а заради неа е дозволен и развод во кралското семејство.