Познато е дека чајот од жалфија најчесто се користи за болки во грлото, но ова не е единственото лековито својство на ова растение. Жалфијата на латински се нарекува Salvia officinalis, а зборот „salvia“ значи „лечи“ или „спасува“. Меѓу другото, почнала да се применува во медицината уште пред многу векови со оглед на тоа дека им била позната на Египќаните, Римјаните и Грците.rnrn
rnrnЕдна лажичка мелена жалфија содржи 10 проценти од дневната вредност на витамин К кој може да го подобри здравјето на коските и да го намали ризикот од згрутчување на крвта. Оваа билка содржи и други хранливи материи, како што се магнезиум и витамин А. Во продолжение прочитајте кои се нејзините здравствени придобивки.rn
1. Жалфијата е преполна со антиоксиданси
rnЛистовите од жалфија имаат антивоспалителни својства и помагаат во заштитата од слободните радикали. Тие содржат полифеноли кои го намалуваат ризикот од болести и ја зајакнуваат меморијата.rn
2. Жалфијата има антимикробни својства
rnЖалфијата може да се користи како средство за детоксикација. Истражувањата исто така сугерираат дека етеричното масло од жалфија може да биде ефикасно средство за дезинфекција против микроорганизмите во воздухот, може да се користи како дезодоранс, но и во лекување на рани и одредени инфекции на кожата.rn
3. Жалфијата може да помогне при проблеми со варењето
rnЖалфијата е еден од најдобрите природни лекови за вашите црева. Истражувањата покажале дека екстрактот од жалфија може да помогне да се спречи дијареја.rn
Начин на подготовка:
rnПрелијте една кафена лажичка жалфија со 20 милилитри врела вода. Оставете го чајот да отстои 5 минути, процедете го и засладете го по желба. Пијте 1-2 пати на ден по една шолја чај.rnrnОткако прочитавте за лековитите својства на чајот од жалфија, можеби ќе сакате да прочитате и за лековитите својства на маслото од кантарион.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
