Возрасните кои најмногу уживаат во сексот се оние кои му пристапуваат со еден вид детска невиност, ослободена од срам, но засилена со љубопитност и чудење. Погледнете ги наредниве клучни потсетници кои можат да ви помогнат да му пристапите на тешкото прашање: Како да разговарате со вашите деца за сексуалниот однос?, и запомнете ги доколку сакате да им помогнете при оформувањето на нивниот здрав сексуален идентитет.rnrn
rn
1. Негувајте ја нивната самодоверба, особено сликата за нивното тело
rnНагласувајте го карактерот и нивните позитивни способности наместо изгледот. И момчињата и девојчињата се под притисок да исполнат одредени стандарди на изглед и тоа создава свесност која може да има последици во однос на нивната сексуална самодоверба. Како родители вие можете многу да влијаете на тоа колку тие се ценат самите себе. Ова е особено важно за девојчињата. Една од причините поради кои девојчињата почнуваат рано со сексуални односи е фактот што луѓето имаат тенденција да коментираат за нивниот изглед, наместо за она што тие го прават во својот живот.rn
2. Именувајте ги нивните гениталии точно
rnЕдноставно наречете ги онака како што се викаат, пенис, вагина и слично… Ова е многу важно при разговорот за секс бидејќи ги оттргнува осудувањето и срамот од нив. Да не заборавиме и на фактот дека е добро да научат од вас како тие точно се викаат.rn
3. Разговарајте отворено за сексуалноста и не осудувајте!
rnКога разговарате за сексуалноста, клучно е да бидете на исто ниво како вашите деца. Некои се љубопитни на 6, додека пак, некои 12-годишници едноставно не се заинтересирани, па токму затоа никогаш не ги присилувајте, но и не одбивајте да одговорите затоа што сметате дека се премали.rnrnИмајте на ум дека 6-годишните деца не ја разбираат желбата и поврзаноста помеѓу партнерите, така што одржувајте го разговорот на основа на биологијата. Некои деца од многу мали можат да ја разберат сексуалната возбуда, па затоа и ги интересира што поточно се случува.rnrnЗа децата кои сè уште не се влезени во пубертет, задоволството од сопствените гениталии не се поврзува со романсата и другите луѓе, па тоа треба така и да остане! Тоа е едноставно за нивната врска со нивното тело која еволуира, треба да биде прифатена, проценета и да се стави во соодветен социјален контекст (самозадоволувањето треба да се случува приватно и додека се сами).rnrnМногу е лесно да ги засрамите децата за сексуалноста со тоа што на вас ви е непријатно кога ве прашуваат и ги одбегнувате, особено ако вашето дете е со спротивен пол од вас или различна сексуална ориентација. Дури и кога не ви е пријатно да знаете што се случува во развојот на сексуалноста на вашето дете треба да бидете отворени, да поставувате прашања и да слушате. Сè додека не осудувате вашето дете ќе продолжува да споделува. И не заборавајте дека кога тој/таа ќе се почувствува прифатено, тогаш ќе ги прави најмудрите одлуки.rn
4. Бидете реалистични за порнографијата и објаснете им дека тоа не е документарен филм за сексот
rnДо 12-тата година вашите деца сигурно ќе бидат изложени на некаков вид порнографија, па затоа со време почнете да ги подготвувате. Објаснете им дека без разлика дали сакаат да го гледаат тоа или не и без разлика на вашите обиди да не се изложуваат на порнографија, понекогаш нешто ќе излезе пред нивните очи. Тие треба да разберат дека тоа е забава, а не документарен филм и дека постојат само за да возбудат, а не за да информираат. Ова особено е важно за момчињата.rnrnПостојат голем број мажи кои се чувствуваат непријатно за големината на нивниот пенис или перформансот поради порнографијата, а овој број драстично го надминува оној на жените. Токму затоа оние кои се родители на синови имаат одговорност да ги научат на она што навистина ги очекува во реалноста.rn
5. Нагласувајте ја важноста на согласноста
rnСогласноста доаѓа кога и двајцата се 100% сигурни дека сакаат да започнат со сексуални односи.rnrnКако родители, најголемиот подарок кој можете да им го дадете на своите деца е самодовербата и способноста да се процени што е добро, а што не, како и да се биде чувствителен во однос на тоа што другите го сакаат. Ова се постигнува преку почитување на нивните граници со активно слушање и соодветен одговор.rnrnБез разлика на тоа колку вие се противите, вашите деца еволуираат како сексуални суштества и токму затоа мора да бидете отворени кон нив. Сексуалноста е клучна за нашиот идентитет, добросостојба и среќа како возрасни, па токму затоа имате одговорност да им помогнете на вашите деца да го направат овој премин безбедно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.