КАФЕ ПАУЗА

Кои фактори најмногу влијаат на патот кон самостојното возење?

rnrnВозењето во нашето брзо секојдневние, полно со обврски и потреби е навистина спас! Нуди свет полн со можности, давајќи ни слобода да истражуваме нови места и да се движиме непречено низ животните авантури.rnrnНешто со кое што можеме сите да се согласиме е тоа дека возењето е исто така важна вештина која ни нуди голема независност. Без разлика дали сте нов, неискусен возач што прв пат се соочува со предизвиците на патот или пак искусен возач кој што сака да ги надогради основите – од клучно значење за безбедноста и довербата зад воланот е разбирањето и совладувањето на основите на возењето.rnrnОдговорот на прашањето – колку време е потребно за да се научи да се вози е сложен и под влијание на голем број фактори. Сите ние сме различни, имаме различни капацитети и преференци. Едно нешто кое сите нѐ обединува е желбата да управуваме со нашите возила лесно и безбедно.rnrnДа, точно е, не е можно сите возачи почетници да имаат ист напредок. За некои од вас ќе биде брзо и интересно искуство, додека пак за други ќе биде подолг исцрпувачки пат каде што ќе биде потребно повеќе време за да се чувствуваат сигурни зад воланот. Но сѐ тоа е нормално и во ред!rnrnВо овој едноставен водич – кој го спремивме за вас, ќе ги истражиме и ќе ви ги приближиме основите на возењето кои се протегаат од управувањето со возилото и сообраќајните правила до основните техники на возењето.rn

Како да ја одберете вистинската автошкола?

rnКако за почеток би ја нагласиле оваа точка, нешто што најмногу влијае на патот кон станување успешен и самостоен возач. Безбедноста во возењето треба секогаш да биде приоритет.rnrnДоколку сакате да се обучувате во автошкола каде што постојано ќе ви бидат укажувани правила кои ќе ви помогнат полесно да се снајдете во целиот процес на возењето, тогаш авто школата АС КОКО е вистинскиот избор за вас.rnrnНа сите обуки се опфатени моментите, како кандидатите за возачи да се справуват со предизвиците на патот и со тоа како да научат да делуваат брзо во одредени ситуации.rnrnКандидатите за возачи добиваат увид во бројни околности, како што се тешки временски услови и невообичаено однесување при возење, преку вклучување во сесии во училница и практични активности. Со повторување на сите овие чекори – не само што ги подобрувате возачките способности туку и стекнувате чувство за одговорност и самодоверба.rnrnrn

Разбирање на работата на возилото

rnПа, да започнеме. На самиот старт, неопходно е да се запознаете со основните компоненти на возилото и како тие функционираат.rnrnИзложеноста на различни средини и сценарија за возење е од суштинско значење за градење самодоверба и приспособливост на патот. Од навигацијата по урбаните улици до совладувањето на возењето на автопат и возење по неповолните временски услови, секое искуство придонесува за целокупното надоградување на возачот.rnrnЕве неколку клучни аспекти кои ќе ви бидат од помош и треба да се земат во предвид.rn

Контроли на возилото

rnНа самиот почеток на овој водич би сакале да ве воведеме во примарните контроли на возилото.rnrnОд голема важност е да знаеме како работи воланот, педалите и менувачот. Доколку знаеме како ефективно да ги користиме овие контроли, ќе знаеме што значи безбедно возење.rnrnВеќе сигурно знаете колку е битно да се внимава на поставеноста на рацете при држење на воланот, особено при вртењето. Не смеете да дозволите во ниеден случај рацете да се прекрстат една преку друга, бидејќи тоа доведува до недоволна контрола при управување со возилото. Исто така, многу важно е да се користат двете раце, при возењето. Не дозволувајте да се доведете во непријатна ситуација и да изгубите контрола над возилото токму поради оваа причина.rn

Индикатори на контролната табла

rnОсвен примарните контроли на возилото, многу важно е да се има увид и на различните индикатори односно показатели на контролната табла. Овие индикатори даваат вредни информации за статусот и перформансите на возилото.rnrnЕве некои од главните показатели на кои треба да обрнете посебно внимание:rn

    rn 011

  • Светла
  • rn 011

  • Трепкачи
  • rn 011

  • Километража
  • rn 011

  • Обртомер
  • rn 011

  • Брзинометар
  • rn 011

  • Мерач на температура
  • rn 011

  • Мерач на гориво
  • rn

rn

Палење и запирање

rnКако и на секое друго поле на кое сакаме да бидеме успешни, така и во процесот на совладувањето на возењето – прва и главна компонента според нас би било вежбањето.rnrnПовторувањето на овој процес во континуитет може многу брзо да ве доведе до посакуваните резултати.rnrnКако за почеток научете како да го стартувате моторот. Влезете во автомобилот и во придружба на вашиот инструктор стартувајте го возилото.rnrnПроверете и вклучете ги брзините, а пак користејќи ги сопирачките, доведете го возилото до непречено запирање. Советуваме да вежбате започнување и запирање на возилото во средина каде што нема ризик и опасност – сѐ додека не се чувствувате удобно во процесот.rnrnrn

Совладување на сообраќајните правила и знаци

rnОд суштинско значење на едно одговорно возење претставува следење, разбирање и учење на сообраќајните правила и знаци. Тие се наменети да ни го олеснат патувањето.rn

Сообраќајни закони

rnНешто што сметаме дека е исто толку важно колку сообраќајните правила – се сообраќајните закони. Запознајте се со сообраќајните закони и прописи во вашата област.rnrnКако најбитни би ги издвоиле следниве:rn

    rn 011

  • Ограничување на брзината
  • rn 011

  • Глоби за непочитување на сообраќајните закони
  • rn 011

  • Забрани за непочитување на сообрачајните закони
  • rn 011

  • Ограничувања за возачи – почетници (период од 2 години од вашето положување)
  • rn

rnПочитувањето на овие закони помага да се спречат несреќи и да се промовира уреден сообраќај.rn

Патни знаци и ознаки

rnСекогаш треба да сме многу претпазливи, во секој сегмент од животот, бидејќи секогаш може да налетаме на некои опасности, затоа она што најмногу ќе ви помогне безбедно да се движите по патиштата и да се придржувате до сообраќајните прописи се патните знаци и ознаки.rnrnЗа да можете непречено да се движите потребно е да ги препознавате и успешно да ги интерпретирате знаците.rnrnДел од знаците се:rn

    rn 011

  • Знаците за изречни наредби (знаци за забрана или ограничување, знаци за обврска)
  • rn 011

  • Знаците за опасност
  • rn 011

  • Знаците за известување
  • rn

rn

Фокусирано возење

rnСледно на листата е фокусираното и одговорно возење. Сигурно често пати сме прочитале за голем број сообраќајни незгоди низ градот, сѐ може да се случи и промени во секунда.rnrnУсвојувањето на претпазлив начин на возење е од големо значење за предвидување и избегнување потенцијални опасности на патот.rnrnОна што го имате вие како обврска е да останете будни, да го скенирате патот напред и да одржувате безбедно растојание од другите возила.rnrnНајважно е да бидете подготвени брзо да реагирате на неочекувани ситуации, кои се надеваме дека ќе ги има што помалку или воопшто.rnrnrn

Суштински маневри и техники

rnКако до подобри техники за возење?rnrnСигурно многумина од вас често си го поставувале ова прашање. Сѐ што е навистина потребно е една рамка за учење која обично опфаќа одреден број на часови и пракса која ќе биде пропратена со добар и искусен инструктор, кој ќе може во секое време да биде тука и да е способен да го обучи кандидатот и да укаже на сите можни грешки.rnrnЗнаеме дека исто така дека честа дилема кај возачите почетници е тоа дали и после овие наставни часови во целост ќе ги имаат совладано суштинските маневри и техники на возење.rnrnДоколку сакате брзо, лесно и самостојно да можете да се снаоѓате веднаш по наставата, во авто школа АС КОКО се покриени и опфатени сите потребни елементи за еден возач почетник да може лесно да перформира сам и по завршувањето на оваа обука.rnrnЕве неколку основни маневри за вежбање и моменти на кои треба многу да внимавате во процесот на вашето понатамошно, самостојно возење:rn

Вртење

rnКонечно стигнавме и до оваа точка! Добронамерен совет е да бидете постојано фокусирани. Научете како безбедно и непречено да ги извршувате вртењата налево и надесно.rnrnВнимавајте на сите можни ситуации додека сте во сообраќајот. Сигнализирајте ја вашата намера за вртење однапред, но и проверете ги огледалата и мртвите точки.rnrnБидете сигурни дека нема како да се најдете во непријатна ситуација. Последно но не и помалку важно – бидете внимателни на пешаците и сообраќајот што доаѓа пред вас пред да продолжите.rn

Паркирање

rnСите сме слушнале повеќе смешни и интересни приказни поврзани со паркирањето, зарем не?rnrnПаркирањето е голем предизвик за новите возачи. За него можеме да гарантираме дека е совладливо, но дека си бара голема посветеност и вежбање.rnrnВежбајте различни техники за паркирање како што се: паралелно паркирање, нормално паркирање помеѓу две коли и паркирање под агол. Нешто на кое што сакаме да го насочите вашето внимание е на позиционирањето. Користете ги постојано ретровизорите и одвојте доволно време за прецизно паркирање.rnrnКолку и да изгледа тешко и напорно, повторете го паркирањето неколку пати. Со самото тоа ќе си создадете рутина да поминувате време вежбајќи.rnrnВежбајте различни начини на паркирање на почеток на празен паркинг за да ја изградите вашата самодоверба. Ова ќе ви помогне во вашето понатамошно паркирање, каде ќе се соочите со вистински гужви.rnrnrn

Промена на лента

rnНа што најмногу треба да се внимава во текот на едно возење – безбедна промена на лентите. Многу пати сме се соочиле со оваа потешкотија бидејќи возењето во Скопје е навистина тотален хаос.rnrnОбрнете големо внимание на мртвиот агол, и на сите оние тешко видливи точки.rnНавремено сигнализирајте ја вашата намера за да ја промените лентата, но пред тоа уверете се дека има доволно простор за изведување на истото пред да продолжите.rnrnВнимнавајте на полните линии, голем број од возачите почетници, грешат токму тука. Но, со тим составен од врвни инструктори секогаш спремни целосно да се посветат на кандидатите, вие сте во сигурни раце. Тие ќе се погрижат овие грешки воопшто да не ги направите.rnrnИзберете ја внимателно автошколата на која сакате да ја дадете вашата доверба и бидете сигурни дека сте далеку од секаков ризик за опасност.rn

Временски услови

rnКолку пати ни се случило да заглавиме во сообраќај и огромни колони поради промена на временските услови?rnrnТреба да сме во секој момент спремни за да се прилагодиме на временските услови. Многу е важно да провериме дали временските фактори како што се: дожд, снег или магла во моментот влијаат на нашето управување со моторното возило.rnrnКористете ги правилно вашите брисачи и уверете се дека истите се во беспрекорна функција.rnrnКако е најдобро да се постапи во ваквите непрегледни ситуации?rn

    rn 011

  • Да ја забавите брзината
  • rn 011

  • Да го зголемите растојанието помеѓу возилата
  • rn 011

  • Да сте целосно фокусирани на патот
  • rn 011

  • Да избегнувате да го користите мобилниот телефон или сѐ она што сметате дека ви го одзема вниманието
  • rn

rnБи додале дека потребна е соодветна опрема, постојано достапна.rnДоколу температурите се под нулата, препорачуваме секогаш да имате зимски гуми или пак ланци додека патувате надвор од Скопје – при мраз на патот.rnrnПоследно, но не и помалку важно е сезонската промена на гумите. Секој од вас, треба да знае во кој период треба да ја изврши таа промена (во зависност од возилото и типот на гуми).rn

Редовно одржување на возилата

rnМудрата мисла вели: Добро одржувано возило е побезбедно возило.rnrnЗа да се осигурате дека вашето возило е во добра возна состојба и целосно исправно, потребно е да се прават редовни проверки.rnrnЕве на кои работи морате да внимавате при проверка на автомобилот:rn

    rn 011

  • Притисокот во гумите
  • rn 011

  • Нивото на масло во моторот
  • rn 011

  • Сопирачките
  • rn 011

  • Светлата
  • rn 011

  • Брисачите
  • rn 011

  • Грејачите
  • rn 011

  • Акумулаторот
  • rn

rnДоколку правилно го одржувате вашето возило, не само што ја подобрувате безбедноста, туку и целосно го продолжувате животниот век на вашиот автомобил.rnСо самото тоа, имате помалку трошоци, и го намалувате ризикот за настанување на поголеми штети.rnrnЗа да се стане вешт и одговорен возач потребно е многу време, пракса и посветеност. Следејќи ги овие врвни совети за возење, новите возачи можат да ги развијат потребните вештини за да се движат по патиштата самоуверено и безбедно.rn

Зошто основните техники на возењето се од големо значење, и како да се усовршите на патот да станете искусен возач?

rnКако за крај, запомнете дека одговорното возење не само што ве заштитува, туку придонесува и за севкупната безбедност на сите оние што го делат патот. Останете фокусирани, бидете трпеливи и уживајте во слободата што доаѓа со одговорното возење.rnrnrnrnСо самото разбирање на работата на возилото, сообраќајните правила и знаци, основните маневри како и одбранбените техники на возење, можете многу лесно и едноставно да се движите по патиштата, но и да ја осигурате безбедноста не само на себе, туку и на другите сопатници.rnrnНе заборавајте да вежбате редовно, да бидете внимателни и секогаш да давате приоритет на безбедноста додека сте зад воланот.rnrnСо текот на времето и искуството, ќе станете добар и одговорен возач подготвен да се справи со секое патување и сите предизвици кои тоа патување може да ги донесе.rnrnА ако ги барате најдобрите инструктори за возење со искуство поголемо од 15 години авто школа АС КОКО ви ги обезбедува најдобрите услови за возење како почетник возач, сепак нели најважно е да се чувствувате 100% удобно со вашиот инструктор.rnrnЦелта во оваа авто школа не е само да добиете лесно возачка дозвола, туку и да научите да возите. Бидете спремни да стекнете голем број на вештини кои баш вас ќе ве издвојуваат од сите други возачи.