Ако сте родител, јасно ви е колку се важни првите години од животот на вашето дете. Во текот на овие години можете да направите трајно влијание врз неговиот живот. Најважно, можете да влијаете на развојот на неговиот мозок. Постојат многу фактори кога станува збор за развојот на мозокот на вашето дете. Сепак, некои навики се од голема важност бидејќи ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rnrnЕдно истражување имало за цел да открие како три критични навики влијаат на когнитивниот развој на децата на возраст од 8 до 11 години. Навиките се спиење, вежбање и време поминато пред екран. Се користел водич за секоја активност:rn
- rn 011
- Спиење: Помеѓу 8 и 11 часа.
- Вежбање: 60 минути умерена физика активност.
- Време поминато на екран: Два часа за рекреација.
rn 011
rn 011
rn
rnБиле тестирани над 45.000 испитаници за јазикот, меморијата, брзината и други когнитивни фактори со помош на разни вежби. Изненадувачки е што само 5% од испитаниците ги исполнувале сите услови од водичот за активностите, а дури 29% не исполнувале ниту еден.rnrnВоглавно, истражувањето открило дека следењето на водичот за активности предизвикало зголемен перформанс, односно децата што ги изведувале сите активности имале подобри резултати од речиси сите други испитаници.rnrnНо, немало разлика во перформансот кај децата кои го испуштале само вежбањето или спиењето. Ова значи дека комбинацијата од овие две може да предизвика најмногу проблеми. Уште поважно, истражувањето открило дека децата кои минувале повеќе од препорачаните 2 часа пред екран имале послаби резултати за разлика од децата кои го следеле водичот.rnrnСигурно се прашувате како да ги искористите овие податоци во корист на вашето дете. Овие три навики се навидум едноставни, па поради тоа ќе си помислите дека сте се справиле со нив. Но понекогаш вистината е друга.rnrnКога станува збор за спиењето, не е важен само бројот на часови, туку потребно е да ја дознаете шемата на спиење на вашето дете и неговите навики бидејќи можат да имаат влијание на квалитетот на сонот.rnrnФизичката активност е многу повеќе од тоа да излезете надвор. Потребно е да откриете кој вид активност го прави вашето детето среќно, со цел таа да му стане приоритет.rnrnВремето поминато пред екран можете да го претворите во време за учење. На Интернет постојат бројни видеа, програми и документарци за деца кои ќе му помогнат на детето да научи нешто додека се забавува. Во ред е детето да минува време пред екран и за рекреација, но најдобро е ако е во комбинација со учење.rnrnКога добро ќе размислите за овие навики и ќе ги примените во животот на вашето дете, ќе создадете вистинска разлика во неговиот развој.rnrnПогледнете и како да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај вашите деца.
