КАФЕ ПАУЗА

Како да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?

Како да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?

Готвењето на пилешки стек во рерна сигурно ве потсетува на месо кое станува тврдо и жилаво штом биде готово, но тоа не мора да биде така доколку го примените овој едноставен трик.rnrnКако да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?rnrnЗагрејте ја рерната на 200 степени. Ако стековите се со различна дебелина, истенчете ги со дрвен чекан за да станат отприлика исто тенки, бидејќи ова влијае на времетраењето на печењето, а ако печете додека се испечат најдебелите парчиња, може да добиете суво и жилаво месо.rnrnПотоа премачкајте ја тавата со две лажички маслиново масло, наредете ги парчињата месо и поминете ги одозгора со четка намасленета со маслиново масло. Маслиновото масло создава кафена крцкава кожа, додека внатрешноста на пилешкото ја задржува сочна.rnrnСтавете зачини по избор и протријте по површината.rnrnОткако ќе го спремите стекот за печење садот покријте го со алуминиумска фолија. Печете така 20 минути, па потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 со непокриено тавче. Во меѓувреме можете да додадете сос ако сакате. Оставете го малку да се олади (идеално температурата треба да дојде до 70 степени) и потоа сервирајте. Месото ќе биде меко и сочно.rnrnКако да приготвите мек и сочен пилешки стек во рерна?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.