КАФЕ ПАУЗА

Како да откриете дали тој од вас сака само секс?

Можеби тој нема директно да ви каже да си одите од неговиот стан по сексуалниот однос, но на сите можни начини ќе ве натера да сфатите сами дека навистина би сакал да си одите. Погледнете ги овие знаци кои можат да ви послужат како показатели дека тој едноставно не е заинтересиран за ништо повеќе од дружењето во спалната соба…rnrnКако да откриете дали тој од вас сака само секс?rn

1. Постојано ви вели дека сте секси

rnОва е единствениот коментар кој некогаш ќе го чуете од него. Иако повеќето жени навистина уживаат во тој епитет, сепак кога тоа е единственото нешто што излегува од неговата уста за вас, може да се смета како знак дека нема да одвои повеќе време да ги запознае и другите ваши квалитети.rn

2. Не споделува приватни информации со вас

rnДоколку тој планира само да спие со вас, тогаш зошто би споделувал приватни информации за себе? Тие само ќе ви го одземаат времето за сите оние сексуални работи кои можете да ги направите заедно, па токму затоа тој воопшто не ни размислува да започнува ваков вид теми на разговор.rn

3. Често иницира секс

rnТој скоро секогаш иницира секс, без притоа да води сметка за тоа дали во моментот е соодветно време и место за тоа. Кога мажот сака нешто повеќе во врската, тој ќе одвои повеќе време за вас и ќе иницира сексуален однос кога ќе почувствува дека околу вас владее соодветната атмосфера. Во спротивно, тој ќе го користи другото време за да ве запознае колку што е можно подобро.rn

4. Не дозволува да преспиете во неговиот дом

rnМожеби тој нема директно да ви каже да си одите од неговиот стан по сексуалниот однос, но на сите можни начини ќе ве натера да сфатите сами дека навистина би сакал да си одите. Тој ќе користи различни изговори за да ве „избрка“ велејќи ви дека следното утро има важен состанок или пак, дека мора да се пакува за бизнис патување. Токму затоа тој и повеќе сака да имате односи во вашиот дом, бидејќи од таму може полесно да стане и да си замине.