За повеќето девојки летото е период кога се вадат најшарените, најдречливите и највпечатливите парчиња од гардероберите, кои со душа чекаат да ги вклопат во откачени комбинации. Сепак, има девојки кои не сакаат да ја напуштат црната боја за време на најтоплиот период од годината. Еве како да го задржите вашиот стил – избирајте и комбинирајте ја црната облека во согласност со летниот амбиент.rnrn
rnrnКратки пантолончиња и мини здолништа – Ограничете се на црна облека за надолу, која нема да ви ги покрива целосно нозете. Краток шорц или сукњичка е доволно за да бидете задоволни дека ја носите вашата омилена боја, додека истовремено ќе им овозможите на вашите нозе да апсорбираат витамин Д.rnrn
rnrnПроѕирни парчиња облека – Носете црно во лесна варијанта, од проѕирни материјали, како овој плетен фустан. Материјалите кои изгледаат како да дишат, веднаш асоцираат на лето, дури и кога се во потемни нијанси.rnrn
rnrnПокажете кожа – Ако сакате да носите црно од глава до пети, тогаш треба да избирате модели на облека со отсечоци. Така, иако се црни, овие целосни пантолони со отворен грб и „V“ отвор се одличен избор за летните излегувања.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
