Без разлика дали станува збор за шепотење дури се пие кафе или разговор на телефон доцна во ноќта, озборувањето го подигнува духот кај жените кои во тој момент се чувствуваат дека се под стрес или доколку едноставно имаат лош ден од која било причина. Иако сите ја сметаат за многу негативна особина, сепак озборувањето се практикува од сите жени, насекаде низ светот. Ова се неколку причини зошто жените сакаат да озборуваат.rnrn
rn
Преку озборувањето жената се чувствува како да се вклопува со другите
rnИсто како споделувањето тајна со некого, озборувањето прави да се чувствувате сигурни во другарството и во таа личност. Тоа значи дека преку озборувањето се поврзувате со другите.rn
Понекогаш ви помага да најдете нови пријатели
rnПреку озборувањето и споделувањето „црни“ тајни, започнувате разговор со повеќе лица, меѓу кои и со некои кои не ви се толку блиски. Тука повторно довербата која другите ја чувствуваат поради споделената информација, создава атмосфера за ново пријателство.rn
Озборувањето ослободува од стрес
rnПоради некоја чудна причина, кога ќе чуете лоши вести за некој друг, по автоматизам се чувствувате подобро за себе. Едноставно, чувството дека нашиот живот е подобар од оној на другите, нè прави инстантно среќни.rn
Озборувањето помага да се испроцесира личното искуството
rnЖените имаат потреба да ги споделат нивните искуства со некој друг, од проста причина што така им е полесно да сфатат што точно им се случило.rn
Преку озборувањето се добива потврда за личните чувства
rnПреку озборувањето обично жените очекуваат потврда на она што го мислат. Кога се чувствувате вознемирени, одговорот на прашањето „Како таа можела да ми го направи тоа…?“, секогаш ќе наиде на поддршка и разбирање од другата страна.rn
Озборувањето помага во справувањето со секојдневните работи
rnТоа е многу примитивна техника, која помага да пребродите било што. Без разлика дали некој ве вознемирил или сте љубоморни за нешто, преку озборувањето ќе ви помине, макар и моментално.rn
Озборувањето е одличен начин за истакнување на работа
rnДоколку го употребите паметно, можете да го искористите озборувањето за себепромоција помеѓу колегите и да го подобрите вашиот статус во фирмата.rn
Озборувањето помага за анализирање на проблемите со другите луѓе
rnПовеќето жени сакаат да ги анализираат дури и најмалите проблеми во животот, па токму затоа озборувањето е одличен метод за добивање целосна слика за случувањата.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
