Најверојатно сите ви зборуваат дека јазик може да се научи само во училиште и доколку посетувате курс за странски јазици. Меѓутоа не е сè така црно-бело. Обидете се да се присетите како сте го научиле вашиот мајчин јазик кога сте биле деца. Тогаш ве интересирало значењето на секој нов збор што ќе го чуете од родителите и постепено низ годините, сте научиле сè што знаете денес.rnrn
rnrnДоколку имате навистина голема страст добро да познавате некој јазик, не мислејќи дека годините ви се пречка, можете да го научите и тоа за само 90 дена. За да зборувате течно, секако дека се потребни неколку години, меѓутоа основата можете да ја стекнете за многу кратко, со напорна работа.rn
Гледање
rnПрвата работа која треба да ја направите кога ќе решите да учите нов јазик, е да почнете да гледате цртани, играни и сериски филмови со синхронизација на тој јазик. Доколку не сте имале претходно контакт со јазикот, првите денови најверојатно нема да разберете ни збор. Но, со тек на време, вашиот мозок ќе почне да го „лови“ значењето на некои едноставни работи, како што се „здраво“, „јаболко“, „чао“ и слично. Најдобар и најзабавен начин да стекнете некое основно познавање на јазикот, е со гледање цртани филмови, бидејќи во нив стилот е едноставен и сè е сликовито прикажано.rnrn
rn
Слушање
rnКога ќе почувствувате дека почнувате да ги разбирате детските емисии и цртани филмови, преминете на гледање покомлицирана категорија – ТВ серии. Почнете со некои полесно разбирливи, како „Пријатели“ (Friends) или „Неочекуван живот“ (Life Unexpected). Кога ќе почнете да ги разбирате поедноставните серии, преминете на некои покомлицирани за разбирање, како што се „Изгубени“ (Lost) или „Декстер“ (Dexter). Ако успеете да ја разберете барем суштината на секоја епизода, најверојатно ќе почнете да разбирате и радио емисии, интервјуа, па дури и аудио книги.rnrn
rnrnИмајте на ум дека учењето јазик може да биде многу интересно, сѐ додека ви е грижа за содржината на тоа што го консумирате. Немојте да се разочарувате ако не успеете да разберете некои делови. На почетокот, секако не е возможно да го разберете поголемиот дел од содржината. Наместо да се нервирате, релаксирајте се и оставете им на вашите уши да „уловат“ сѐ што можат. Не мачете се да размислувате што значи секој збор, туку обидете се да го сфатите контекстот. Тоа е одлично за почеток.rn
Читање
rnДоколку уживате во читањето книги, тогаш зацртајте си цел да прочитате барем 2 книги овој месец на јазикот кој сте решени да го научите. Започнете со некои детски книги кои имаат лесна содржина, проверувајте го значењето на непознатите зборови во речник, и запишувајте ги во тефтер. Користете онлајн речници за побрзо пронаоѓање на зборот. Доколку учите на курс, професорката најверојатно ќе ви кажува дека граматиката е најбитна, но во реалноста не е така. Многу е побитно секојдневно да го збогатувате вашиот речник со нови зборови и да знаете правилно да се изразите, отколку перфектно да владеете некое сложено време, кое ретко каде се користи во пракса.rnrn
rn
Пишување
rnКолку повеќе одвојувате време за пишување, толку побрзо и ќе научите да пишувате. Зборовите кои ви се потешки, напишете ги повеќе пати. Обидувајќи се да составувате реченици, структурата на јазикот и граматиката ќе ви стануваат сè поблиски. Како што ќе напредувате, можете да се вклучите во онлајн разговори со луѓе, чиј мајчин јазик е оној кои вие го изучувате. Постојат сајтови, специјално создадени за луѓе кои учат јазик, како што е Shared Talk.rnrn
rn
Зборување
rnПовеќето луѓе сакаат после кратко време поминато учејќи некој странски јазик, веднаш да почнат да зборуваат течно. Меѓутоа тоа најчесто е најтешката задача, па затоа извесен временски период фокусирајте се на гледање ТВ, слушање и читање, пред да почнете да зборувате. И секако, не заборавајте – секогаш наоѓајте забава во учењето. Слушајте музика на тој јазик, дружете се со луѓе кои знаат да го зборуваат, а секогаш кога имате прилика да зборувате со странец – направете го тоа. Интернетот тоа го направи возможно.rnrnАко сакате да научите јазик за 90 дена или помалку, ќе треба комплетно да се посветите на таа работа. Тоа значи дека ќе треба да одвојувате многу часови од денот за читање, слушање, пишување. Постојат многу начини да бидете постојано во контакт со јазикот. На пример, ако користите Gmail, променете го интерфејсот на конкретниот јазик. Сменете го менито на вашиот мобилен телефон, компјутерските игри кои ги играте и сè што мислите дека ќе ви биде од корист.rnrnУчењето нов јазик е возможно, колку и да ви изгледа недостижно. Не е тешко, но бара истрајност и голема посветеност. Не заборавајте дека за да учите нов јазик, треба истиот да ви се допаѓа доволно, за да успеете да пронајдете забава во целиот процес.