Фотографката Адриен Брум продолжува со нејзината неверојатна серија од фотографии наречена „The Color Project“. Овој пат нејзината креативност нè води во „Портокаловиот свет“, каде што едно мало девојче кадар по кадар ги истражува прекрасните делови на околината. Како во класична бајка, девојчето се сретнува со пеперутки кои танцуваат околу неа, додека нејзиниот пат низ мистериозната шума е осветлен од голем број ламби кои ѝ даваат црвенкасто-портокалова боја на средината околу неа. На крајот, таа е привлечена од силна светлина која доаѓа помеѓу дрвјата и која ја насочува кон светот на наредната боја.rnrn
rnrnБрум го започнала овој проект со идејата да направи истражување на светот на боите во 8 дела, претставено преку очите на едно мало девојче. Таа не само што успеала да ја наполни секоја сцена со соодветната боја на која работи, туку истовремено додала и надреални елементи кои се надополнуваат едни со други и овозможуваат да се почувствувате како да сте таму. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа извонредна колекција.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.












