Приказна за семејните врски, осаменоста, одговорноста, последиците, новиот почеток, љубовта и бунтовништвотоrnrn
Главни ликови: Британи Робертсон, Шири Апелбеј, Кристофер Полаха, Остин Бејзис, Кер СмитrnrnКреатор: Лиз ТигеларrnrnЖанр: драмаrnrnВреметраење: 42 мин.rnrnПремиера: 18 јануари 2010rnrnЈазик: англискиrnrnБрој на сезони: 2 (втората е во тек)rnrnСледна епизода: 28 септември 2010rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8rn———————————————————————————————————————————————————————-rn„Неочекуван живот“ е серија која ќе ви ги растрепери срцата и ќе ве натера да размислувате за тоа како животот може да ви се промени од корен, поради само една грешка во тинејџерските години. Од кратката сексуална авантура помеѓу Кејт и Бејз во средно училиште се родило девојче. Ова разединето семејство повторно се сретнува после 16 години. Лакс е прерано созреана тинејџерка која морала сама да се грижи за себеси целиот свој живот, а нејзините родители мораат конечно да пораснат и да ја преземат одговорноста за нивното дете.rn———————————————————————————————————————————————————————–rn.rn
rn.rnПриказна: Откако поминала 15 години неуспешно барајќи родители кои ќе ја посвојат и засекогаш ќе се грижат за неа, Лакс решила дека дошло време таа да преземе контрола врз својот живот и да постане самостојна малолетничка. За сето тоа да биде правно регулирано, на Лакс и е потребен потпис од биолошките родители.rn.rn
„Ако си 30-годишен маж и си сингл, значи дека имаш стандарди, а ако си 30-годишна жена и си сингл, значи дека имаш некаков проблем?“
rnНајпрво таа успева да стигне до барот чиј сопственик е нејзиниот татко Бејз, кој живее ергенски живот со двајца мрзливи цимери, а веќе ја има поминато 30-тата година од животот. Тој е шокиран од фактот дека има ќерка, за која никогаш не дознал дека постои. Лакс е тотално изненадена кога Бејз и открива дека нејзината биолошка мајка е Кејт Кесиди, ѕвездата на радио шоуто „Утринско лудило“, кое таа го води заедно со нејзиното момче Рајан. Лакс го слушала гласот на Кејт на радио целото свое детство и чувствува инстантна поврзаност со својата мајка, која никогаш не ја запознала.rn.rn
„Секоја девојка си го замислува таткото како на денот на нејзината венчавка ја испраќа до олтарот. Јас едвај можам да се сетам на мојот татко. “
rn
- rn011
- Кога Лакс би и била вистинска ќерка на Шири Апелбеј (Кејт), би требало да ја има родено на 11 години.
- Актерката Нина Добрев, која ја глуми главната улога во серијата „Вампирски дневници“, била на аудиција за улогата на Лакс.
rn011
rn
rnКога и како да ја гледате: „Неочекуван живот“ е серија за сите генерации и за сите времиња. Интересно е да ја гледате заедно со вашето семејство, бидејќи од неа можете да научите многу за градењето здрави семејни односи, но е подеднакво интересна и ако ја гледате сами или со друштво. Едноставна е за разбирање и следење, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот и да уживате во нежните емоции кои ќе ги пробуди кај вас.rn.rn
„Кога животот ти дава лимони, направи лимонада“.
rnСлични серии: „Три Хил“, „Модерно семејство“, „Седмо небо“rnrnГледајте ја серијата онлајн: www.watch-life-unexpected.com


















