Психологот Гречен Рубин вели дека ги дава овие совети не за да манипулирате со другите, туку за да направите тие да се чувствуваат убаво поради придонесот што го даваат на темата на којашто разговарате. Ова се нејзините седум совети со кои другите ќе се чувствуваат попаметно, а со тоа и поубаво во ваше друштво.rnrn
rnrnПобарајте совет. Сите сакаме да делиме совети и уште повеќе сакаме некој да дојде и самиот да го побара советот.rnrnПрименете го нивниот совет. Ако го гледате филмот кој ви го препорачале или отидете во кафулето за кое некој ви кажал дека е супер, ќе направите некој да се чувствува одлично.rnrnПовикајте се на некој коментар на соговорникот. „Како што ти веќе убаво кажа…“ е реченица што секој сака да ја чуе како потврда на тоа дека зборува нешто паметно.rnrnПобарајте од нив да ја довршат мислата ако биле прекинати. „Рече дека има две причини за тоа, ама ми зборуваше само за едната. Која е другата?“rnrnИзговарајте го името на соговорникот, но промислено! Ако го кажувате пречесто неговото/нејзиното име ќе изгледа дека целта ви e да го/ја изманипулирате. Во таков случај соговорникот ќе помисли дека сметате дека е наивен.rnrnПравете забелешки во врска со нивните квалитети. „Сигурно многу си се потрудил за да го постигнеш тоа.“ Или: „Вчера звучеше многу убедливо.“rnrnЗапишувајте ги нивните совети. Рубин вели дека таа често фаќа белешки за сè и сешто, а кога запишува некој совет или нешто слично, тогаш добива одличен фидбек од соговорниците кои очигледно се чувствуваат поважно поради тоа.
Како да направите некој да се чувствува многу паметно?
