Комбинацијата од фармерки и џемпер е наједноставната и со тоа и омилената на многумина во екот на студените месеци. Нејзината едноставност со тек на време може да стане монотона и неинтересна, па затоа е корисно да се знаат овие неколку работи во врска со неа.rn
1. Купувајте едноставни џемпери
rnКупувајте џемпери чии бои и дезени се едноставни. Оние во бои како сива, црна, темно сина, темно зелена или кафеава се лесни за комбинирање и може да ги облечете со какви било фармерки. И црвените и белите џемпери можат да се комбинираат со фармерки, но тогаш треба да внимавате да си одговараат.rnrn
rn
2. Внимавајте на големината
rnШто и да облекувате, важно е големината на облеката и во горниот и во долниот дел од телото да биде иста. Затоа правилото вели дека широките фармерки се носат со широки џемпери, а струкираните фармерки со потесни џемпери. Ако облечете струкирани фармерки со дебел плетен џемпер нема да изгледате убаво и средено, туку како лик од цртан филм. Кога ќе ги правите овие комбинации, и чевлите одбирајте ги по истата логика.rnrn
rn
3. Додајте нешто интересно
rnОваа комбинација е едноставна и брзо може да стане и здодевна. За да го избегнете здодевниот изглед, додајте нешто интересно во него. Џемпер со интересен дезен или некој на кој јаката ќе му биде во друга боја ќе заврши работа. Можете и да се облечете во повеќе слоеви така што ќе го акцентирате секој од нив. Јакна или блејзер врз џемперот може да го унапреди изгледот, особено што нивниот дизајн ќе ја скрие лошата форма ако таа не одговара на вашето тело.rnrn
rn
4. Правилно распоредете ги слоевите
rnПостојат неколку правила кои облекувањето во слоеви го прават атрактивно:rn
- rn011
- Најгорните слоеви треба да се спуштаат најниско. Тоа значи дека јакната треба да биде подолга од џемперот, а под него не треба да се гледа кошулата;
- Рабовите на јаката треба да останат под слојот кој се наоѓа врз нив. Ако не можете да ги „дисциплинирате“ употребете ги копчињата;
- Кога носите кошула, џемпер и јакна или блејзер, идеално би било ако манжетните на кошулата и џемперот се гледаат од под ракавите на јакната или блејзерот. Прифатливо е и ако се гледа само манжетната на кошулата;
- Ако џемперот е најгорниот слој, тогаш ништо не треба да ѕирка под ракавите.
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
5. Експериментирајте со боите на фармерките
rnРазлична боја на фармерките – сина, црна или сива, дава повеќе различни комбинации со еден ист џемпер. Еден ист сив џемпер во комбинација со класични сини фармерки е добар за прошетка во паркот, а кога ќе се вратите дома можете да го искомбинирате со потемни фармерки и спортски чевли и ќе бидете спремни за излегување в град. Неколку различни бои на фармерки со неколку различни бои и дезени на џемпери можат да дадат безброј зимски комбинации.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
