Иако боб фризурата е една од најпопуларните, на многу жени им е жал да ја скратат нивната коса, особено ако им е многу долга. Меѓутоа, можеби и не постои жена која не сака да ја проба фризурата која им стои беспрекорно на сите.rnrn
rnrnИако со децении наназад долгата коса е симбол на женственост, одвреме-навреме секој до нас сака да направи промена. Доколку не сте доволно храбри, сепак постои начин барем неколку денови да имате кратка фризура, во форма на „лажен боб“.rnrnДоколку сте внимателни, фризурата ќе изгледа навистина беспрекорно. Потребно е само добро да ја сокриете косата и да направите тоа да изгледа природно.rnrnОваа фризура можете да ја направите на малку подолга коса со степени. Најдобро би било да направите благи локни за да добиете што поприроден изглед.rnrnКосата фатете ја во ниско опавче, а ластичето спуштете го малку пониско од местото каде што сакате да започне фризурата. Ластичето треба да биде малку олабавено. Кратките прамени коса извадете ги од опавчето, особено оние кои го врамуваат лицето. Косата фатена во опавче свиткајте ја навнатре и прицврстете ја со шноли. Важно е да можете да ја мрдате главата без да се растури фризурата. Потоа уште еднаш наместете ги пократките прамени и имате идеална фризура за секаква прилика.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Sy6LcEw2RSYrnrnДоколку ви е потребна инспирација, погледнете ги најпопуларните фризури за 2019-та година.rn
Како да направите боб фризура, дури и ако имате долга коса?
