Досега само се шпекулираше, но сега е и научно докажано – жените кои не се во брак и кои немаат деца се можеби најсреќната подгрупа на населението. Исто така, според статистиката, тие и живеат подолго.rnrn
rnrnТрадиционалните очекувања за успехот повеќе не можат да се поврзат со чувството на среќа. Наместо тоа, среќата зависи од бракот и одгледувањето деца.rn
„Оние кои се во брак се посреќни од другите подгрупи на општеството, но ова се однесува само на оние испитани жени чии сопружник бил во просторијата додека давале одговори. Кога партнерот не бил тука, одговорот гласел дека се многу несреќни“, објаснил Пол Долан, професор по бихевиорални науки.
rnСпоред неговите зборови, постојат податоци собирани во текот на подолг период според кои доколку сте маж, би требало да се венчате, а доколку сте жена, најдобро не.rnrnПосилниот пол има некаква корист од бракот бидејќи се „смирува“, помалку ризикува, повеќе заработува и живее малку подолго. Од друга страна, жените мораат „да го трпат сето тоа“ и умираат порано за разлика ако не би биле во брак.rn
„Во целото население најздрави и најсреќни се жените кои не се венчале и кои не родиле дете.“
rnВо друго истражување било споредувано нивото на уживање и незадоволство кај невенчаните, венчаните, разведените и оние мажи и жени чии сопружници починале. Резултатите покажале дека нивото на среќа е поголемо кај оние во брак, само доколку сопружникот бил во просторијата.rnrnОние кои не биле во брак поретко го оценувале нивото на нивното незадоволство, за разлика од венчаните луѓе кога нивниот сопружник не бил присутен.rnrnВо некои други истражувања утврдени се одредени корисни страни од бракот и кај мажите и кај жените, кога станува збор за финансиите и здравјето.rnrnПол објаснува дека емоционалната поддршка на оние кои се во брак им овозможува поголема подготвеност на ризик и подготвеност да побараат лекарка помош. Сепак, Пол нагласува дека брачниот живот им го подобрува здравјето на мажите бидејќи престануваат „да живеат како момци“.rnrnВоглавно, бракот нема позитивно влијание врз здравјето на жената. Исто така, во средните години од животот, кај жените бил забележан зголемен ризик од болести, и физички и ментални, за разлика од оние кои не биле во брак.rnrnСепак, бракот и децата денес се сигурни знаци за успех, па постои мислењето дека жените кои нема да се одлучат на ваков живот се несреќни. Токму оваа стигма може да ја предизвика несреќата кај невенчаните жени.rn
„Кога ќе видите жена која има 40 години а нема деца, помислувате дека тоа е лошо. Мислите дека можеби еден ден ќе го запознае вистинскиот и тоа ќе се промени. Не, можеби ќе го запознае погрешниот и тоа ќе се промени. Можеби ќе го запознае човекот кој ќе ја направи несреќна и нездрава и поради тоа порано ќе умре“, изјавил Пол.
rnОд друга страна, погледнете ги и причините зошто е добро да се биде во брак.
