КАФЕ ПАУЗА

Како да ја преживеете испитната сесија?

Како да ја „преживеете“ испитната сесија?

Written by

in

,

На крајот на семестарот, многу студенти го жртвуваат нивното здравје за да успеат да ги завршат сите проекти на време и добро да се подготват за испитите кои следуваат. Во овој период од учебната година, спиењето е најчесто првата активност од која секој студент би се откажал, за да ги заврши сите обврски. И покрај тоа што многу студенти веруваат дека ќе го надополнат изгубениот сон кога ќе пројде сесијата, честите непреспани ноќи може да доведат до хронична несоница. Симптомите на хроничната несоница вклучуваат забавено реагирање за време на предавањата, проблеми со концентрација и зголемено ниво на нервоза.rnrnЗа да го спречите тоа, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да се вратите назад на нормалниот начин на живот, после непреспаните студентски ноќи.rnrnКако да ја „преживеете“ испитната сесија?rn

1. Останете будни цела вечер за да учите, само кога е тоа неопходно

rnГолем број студенти во Македонија имаат тенденција да живеат како „ноќни птици“. Си легнуваат да спијат во раните утрински часови, а стануваат некаде околу 15 часот или подоцна. Ова особено е случај во текот на испитните сесии, кога сметаат дека ноќта е подобро време за учење во однос на денот бидејќи сите членови на семејството спијат, тивко е и мирно надвор, па во таквата атмосфера ќе можат подобро да се сконцентрираат. Но претворањето на ноќта во ден и обратно, дефинитивно не е здрава и нормална навика.rnrnНа човечкото тело му е потребна секојдневна средба со сонцето за да може правилно да функционира, па доколку се разбудите во 15 часот или подоцна, не би било воопшто необично да се чувствувате изморени, мрзливи, нефункционални и да имате вртоглавици или главоболки. Учењето не е лесна задача и на голем број студенти природно им доаѓа да си ги одлагаат обврските за подоцнежните часови од ноќта, тешејќи се дека тогаш поубаво се учи, но реално човекот е најпродуктивен и најдобро меморира наутро, после здрав појадок и утринско кафе.rnrnКако да ја „преживеете“ испитната сесија?rn

2. Внесувајте помалку кофеин, пијте многу вода и јадете повеќе овошје и зеленчук

rnИ покрај тоа што многу луѓе се потпираат на кофеинот кога сакаат да останат будни цела вечер, сепак не е најдобро решение да испиете многу шолји кафе доколку сте многу изморени, бидејќи тоа ќе ве одржува само физички будни, а умствено нема добро да функционирате. Пиењето неколку чаши студена вода може исто така да ве одржува будни и хидратирани, а поголемата консумација на овошје и зеленчук, ќе ви ја зголеми енергијата, која многу ви е потребна во овие напорни предиспитни денови.rnrnКако да ја „преживеете“ испитната сесија?rn

3. Малку спиење е подобро од ич

rnДоколку ви преостануваат уште неколку часа пред започнувањето на испитот, искористете ги за да поспиете и да го освежите мозокот. Малку сон е во секој случај подобра варијанта отколку воопшто да не склопите око, бидејќи ќе имате повеќе елан, концентрацијата ќе ви биде поголема, а и резултатите од испитот ќе бидат многу подобри, се разбира доколку претходно добро сте го совладале материјалот.rnrnКако да ја „преживеете“ испитната сесија?rn

4. Обидете се да се вратите во колосек наредниот ден

rnИ покрај тоа што може да ви изгледа предизвикувачка вашата новооткриена способност да останувате будни цела ноќ без мака, верувајте дека ваквото спиење е лоша навика, а последиците по здравјето ќе ги почувствувате после извесен период. Никогаш не заборавајте дека денот е создаден за работа, а ноќта за одмор, па доколку доволно го цените вашето здравје, внимавајте кога си легнувате, а кога станувате. Испитните сесии неизбежно создаваат неред во вашето секојдневие, но само доколку си дозволите, тој привремен неред ќе се претвори во една лоша навика.rnrnЗа да не се случи тоа, обидете се кога ќе се вратите дома од испит, да не си легнувате веднаш, туку да издржите да останете будни до часот кога најчесто одите во кревет во нормални околности, а наредното утро обидете се да станете во приближно исто време како и вообичаено. Колку побрзо го вратите назад вашиот здрав начин на живот, толку подобро за вас.rnrnАко имате дилеми околу тоа кој е вашиот најдобар начин за спремање испити, можеби ќе сакате да ги разгледате неколкуте техники за поефективно учење.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.