КАФЕ ПАУЗА

Пижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!

Пижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!

Облеката што ја носиме во текот на денот, најчесто завршува во корпата за валкани алишта по само едно носење. Сепак, кога се работи за пижамите, никој не помислува дека треба да ги смени по едно преспивање со нив.rnrnИако ги носиме секоја вечер барем по неколку часа, едно истражување утврдило дека луѓето обично ги менуваат пижамите на секои 13-17 дена во просек. Веројатно ова се должи на претпоставката дека во текот на ноќта нашето тело не се валка, па затоа и не чувствуваме потреба да ги ставиме пижамите на перење штом станеме од кревет. Но, ова е далеку од вистината.rnrnПижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!rnrnЕве ги причините поради кои пижамите треба да ги менувате секој ден.rn

1. Насобирање на бактерии

rnСите ние постојано носиме бактерии на површината на нашата кожа, во носот и во устата. Во повеќето случаи, овие бактерии не се штетни за организмот. Но, кога постојано спиеме во истата облека, тие се насобираат на неа и тоа може да доведе до опасно ширење на бактериите. При опаднат имунитет, во случај на некоја посекотина или опекотина на кожата, тие почнуваат да го напаѓаат нашето тело, што пак може да доведе до инфекција.rn

2. Создавање на акни и цисти

rnСпиењето долго време во исти пижами овозможува на нив да се насоберат сите можни видови бактерии со мешавина од отпадната кожа, масла, прашина и други микроорганизми. Доближувајќи ги пижамите до телото, ние всушност нанесуваме слој од тие предизвикувачи на акни врз себе, запушувајќи ги порите, што доведува до формирање на нови иритации на кожата.rn

3. Акумулирање на грини од прашина

rnКреветите и пижамите се вистински рај за грините. Овие микроскопски организми секогаш нѐ следат и научниците тврдат дека од нив не можеме да се ослободиме дури ни во совршено чисти услови. Тие се хранат со мртва кожа. Па, што подолго ги носиме истите пижами неперени, толку повеќе на нив се акумулираат грини, кои можат да предизвикаат алергиски реакции, како што се кашлање, течење на носот и проблеми со дишењето.rnrnПижамите треба да ги менувате секој ден. Прочитајте зошто!rn

4. Непријатен мирис

rnВо текот на спиењето нашите тела интензивно се потат, таа пот се впива во пижамите и тоа создава непријатен мирис. Па, доколку имате навика да се туширате навечер, непосредно пред да влезете во вашите комотни пижами, миризливите купки немаат многу поента ако вашата ноќна гардероба не сте ја испрале повеќе од десет дена.rn

5. Отсуство на утринска свежина

rnНосењето нечисти пижами создава чувство на нечисто тело. Дури и ако наутро облечете чиста облека, доколку вашето тело не е сосема чисто, може да се чувствувате непријатно. Тоа е така затоа што одредена количина нечистотии се собираат на пижамите, а потоа се пренесуваат на вашето тело.rn

6. Несоница

rnКога одиме на спиење во чисти пижами се чувствуваме поопуштено и спремни за сладок сон. На тој начин ни е многу полесно да заспиеме. Освен тоа, така се подобрува квалитетот на сонот, а на кожата се насобираат помалку микроорганизми кои можат да предизвикаат иритација или чешање.rnrnДобрата хигиена помага да се чувствуваме подобро. Тоа е важно, не само за нашето физичко здравје, туку и за менталното. Затоа, менувајте ги вашите пижами што почесто.