Неколку техники како да учите поефективно

Сподели

Секој има различни техники и навики како го поминува времето над книгата. Сепак, главен услов за добро совладување на материјата е ефективноста, односно квалитетно потрошеното време учејќи. Нормално, со ефективноста цврсто се приклештени и принципиелноста и дисциплината, но и двете се тешки за остварување. Држејќи се до некои од овие совети, можеби ќе си олесните при процесот на учењето.

Реклама

Направете си распоред

rnРаспоредот ќе ви овозможи многу полесно да си го организирате времето кое планирате да го поминете учејќи. Во распоредот вметнете ги паузите и другите активности, кои планирате да ги направите и строго држете се според него. Можеби звучи едноставно и небитно, но добро испланираното време ќе ви овозможи поголема контрола и ќе постигнете одредено ниво на дисциплина.

Учете одморени и во мирна средина

rnИако студентскиот живот „налага“ да се учи до раните утрински часови, сепак тоа е многу неправилно. Сонот е многу важен предуслов за доброто меморирање. Подобро станете порано, денот поминете го учејќи, а вечерта забавувајте се со пријателите и легнете порано. Непреспаните вечерни часови и дневното спиење можат само лошо да влијаат врз вашиот метаболизам. Учете во мирна средина, изолирани од секакви технички и комуникациски средства, а доколку таква немате, заминете во факултетската читална.

Не читајте на глас и пишувајте забелешки

rnИако многумина го практикуваат, читањето на глас е многу погрешно за ефективноста. Анализите покажуваат дека читајќи на глас губиме 33% од брзината, а концентрирајќи се на читањето губиме голем дел од концентрацијата која ни е потребна да го чуеме и разбереме прочитаното. Пишувањето белешки е многу важно за лесно повторување на материјалот. Учејќи, сами можете да процените кој дел го сметате за поважен за веднаш уредно да го забележите во тефтер. Така, ќе си водите еден вид краток дневник за материјалот. Ќе ви биде од огромна полза.

Блиц совети

rnКога учите, сè што ви е потребно нека ви биде при рака. Не губете го драгоценото време барајќи ја потребната книга, некои забелешки или маркер. Пред да седнете, подгответе се добро, па потоа започнете.Никогаш немојте да учите последните 30 минути пред да легнете на спиење.Никогаш немојте да учите 30 до 90 минути после оброк.Учете без прекинување најмногу 45 минути, а потоа направете 10 минутна пауза, па продолжете. Научно е докажано дека концентрацијата не може да ве држи повеќе.Паузите кои ќе ги правите, треба бидат подалеку од местото каде што учите. За време на паузите дозволете си да мислите на нешто друго, немојте на материјалот.

rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Најново

Може ќе ве интересира