Понекогаш децата мора да носат очила за да се коригира нивниот вид. Како правилно да ги одберете и како детето да сака да ги носи очилата, се прашања што секој родител со ваков проблем си ги поставува. Во текстот ќе прочитате кои се работите на кои треба да обратите внимание при купувањето очила.rnrn
rnrnПрво на што треба да обратите внимание при купувањето очила за вашето дете е големината на рамките. Рамките на очилата треба да одговараат на големината на главата на детето. Важно е тие добро да му „лежат“ на носот, рачките од рамката да не го стегаат и да не се лизгаат или вадат при спуштање на главата. Не се препорачуваат големи, тешки рамки со кои детето нема да се чувствува удобно. Нешто поскапи, но поудобни се очилата што имаат флексибилни рачки.rnrnОбликот на рамката, без разлика дали е метален или пластичен, шарен, дискретен или со силни бои, бирајте го во зависност од вкусот на детето. Дозволете му само да ја избере бојата затоа што тогаш повеќе ќе сака да ги носи.rnrnКвалитетот на рамките е поврзан со цената, но не и со трајноста. Ако не внимава кога ги носи во текот на играњето, детето може да ги скрши или искриви очилата.rnrnДоколку се работи за помал диоптер, нема никакво ограничување при изборот на рамките. Кај поголемите диоптрии се препорачуваат помали рамки што може да бидат и метални, но пластичните се најдобри. Подебелото стакло треба квалитетно и естетски да се вгради во рамката.rnrnРетко се избира фото варијанта на стакла за заштита од сончевите зраци, но препорачливо е при изборот на стакла да одберете такви што имаат UV заштита.rnrn
rn
Како детето да засака да ги носи очилата?
rnНосењето на очилата многу зависи од ставот на родителите. Иако децата многу често брзо ги прифаќаат очилата затоа што сфаќаат дека со нив подобро гледаат, потребна е поддршка од родителите. По совет од лекарите, тие треба да му ја објаснат на детето користа од носењето очила и можеби, како позитивен пример, и самите да почнат да носат очила.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за тоа како да ги направите вашите очила поудобни.