КАФЕ ПАУЗА

Како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт?

Како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт?

Спротивностите се привлекуваат, но ако сте екстроверт во врска со интроверт, ќе наидете на пречки да се поврзете во врската. Вие и вашиот партнер можеби имате различни размислувања и очекувања како да го поминете заедничкото време. Вие можеби ќе сакате да излезете и да се забавувате со пријателите и да бидете друштвени, додека вашиот интровертен партнер ќе сака да остане дома и да гледа филм со вас. Во продолжение прочитајте како да имате здрава врска со вашиот интровертен партнер и покрај разликите.rnrnКако да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт?rn

1. Дајте му доволно простор на интровертот

rnИнтровертите сакаат да поминуваат квалитетно време сами со својот партнер, но дури и тогаш, нивната енергија се намалува по некое време.rnrnАко партнерот сака да ја скрати дискусијата или се чувствува уморно, оставете го да се повлече без да поставувате премногу прашања и не чувствувајте се фрустрирано поради неговото повлекување.rnrnПартнерот ќе биде друга личност штом ќе ги наполни батериите.rn

2. Не принудувајте го да оди на места каде што не сака

rnИнтровертите имаат многу добра врска со својата интуиција. Иако можеби нема да можат да објаснат зошто, интуитивно ќе знаат кога некое место или некоја ситуација не се добри за нив, па затоа нема да сакаат да бидат таму.rnrnПочитувајте го нивниот избор и тие ќе ве ценат уште повеќе.rn

3. Ви требаат идеи? Прашајте го интровертот!

rnИнтровертите се многу креативни, дури и ако не ја изразуваат својата креативност на уметнички начин. Ако сметате дека сте заглавени или имате потреба од некакви идеи, прашајте го вашиот интроверт.rnrnНе само што сакаат да ги споделат своите идеи, туку интровертите се чувствуваат ценети кога некој ќе побара ваков вид поддршка од нив.rnrnИнтровертите кои се чувствуваат ценети и почитувани поради тоа што се, ќе вложат уште повеќе труд во својата врска.rn

4. Охрабрете го интровертот да се релаксира како што сака

rnПовеќето интроверти сакаат да помогнат и да ги усреќат најблиските. Но, понекогаш тие забораваат на себе и ќе направат сè за да им помогнат на другите на штета на сопствената енергија.rnrnСоздавањето атмосфера во врската што ги поттикнува самоизразувањето и иницијативата (дури и ако тоа значи да се повлекуваат со книга, во природа или во нивниот внатрешен свет) може да им помогне повторно да се поврзат со себе, а тоа за нив е релаксирачко место од каде што црпат енергија.rnrnАко не му дозволите на партнерот да се релаксира на таков начин, тоа ќе резултира со ментален замор, што ќе има негативни ефекти врз вашата врска.rn

5. Поставувајте проникливи прашања за да ја разберете неговата интровертност

rnОхрабрете го вашиот интроверт да поставува прашања (наместо да претпоставувате дека вие сте во право). Отворените прашања што не започнуваат со „зошто“ се одлични за продлабочување на односите и за меѓусебно разбирање.rnrnНе претпоставувајте дека го познавате вашиот партнер затоа што секоја ситуација може да биде различна или двајцата да бидете во различно расположение.rnrnИнтровертите се љубопитни и може да постават проникливи прашања што може да ја зголемат вашата свест и да ги подобрат вашата врска и ситуацијата во којашто се наоѓате.rn

6. Запомнете што ви се допадна кај вашиот интроверт кога првпат се сретнавте

rnНе фокусирајте се на тоа што не ви се допаѓа кај партнерот, туку на тоа што ви се допаѓа кај него.rnrnЦенете го тоа што ви се допаѓа кај партнерот затоа што луѓето се чувствуваат многу добро кога знаат дека се ценети за тоа што се.rnrnАко забележите недостаток на интровертните однесувања што порано ги сакавте, само прашајте што се случува или што недостасува. Можеби ќе добиете шанса да ја разгорите вашата љубов ако ги забележите пречките и ако се обидете да ги отстраните.rn

7. Зачленете се заедно во проект што двајцата го сакате

rnИнтровертите сакаат да бидат дел од проекти, но само од проекти што тие ги сакаат. Пронајдете нешто што и двајцата ќе го сакате.rnrnИнтровертите често се водени од значајни идеи што имаат потенцијал да го направат светот подобро место за живеење. За нив претставува големо задоволство да работат на проект со својот партнер, да бидат фокусирани на силните страни и меѓусебно да се надополнуваат без да наметнуваат нечија идеја.rnrnАко не можете да пронајдете проект на кој ќе работите заедно, дозволете му на партнерот да се вклучи во тоа што тој сака. Дополнителната енергија добиена од правењето нешто корисно, ќе резултира со повеќе љубов во вашата врска.rnrnПрочитајте што е амбиверт и дали и вие спаѓате во оваа категорија.