Кога е многу жешко и константно се лепиме од пот, обично не сакаме ни да се помрднеме, а не пак да се нафатиме на возбудлива физичка активност припиени до друго, подеднакво лепливо тело. Со клима овие проблеми се надминуваат, но ако се најдете во средина во која нема ладење, еве неколку идеи кои ќе ви ја вратат желбата за разгорување на страста.rnrn
rn
Користете мраз. Да, сериозно
rnНајдобро би било да го испразните фрижидерот и да се пикнете двајцата во него за да имате секс. Но, бидејќи ова не е можно, следната најдобра работа е да земете мраз и да си играте со него за време на предиграта.rnrnЛизгајте коцка мраз по стомакот, бутините, грбот и брадавиците на вашиот партнер или партнерка. Тоа делува ефикасно за изладување на целото тело. Плус, капките од растопениот мраз по вашето тело дополнително ќе го возбудат партнерот кој ќе се инспирира да ги лиже. Зар има нешто позабавно од лижење на нешто што се топи? Ова е малку леплива забава меѓу чаршафите, но е многу покул од температурата надвор.rnrn
rnrnБонус: Доколку со вашиот партнер или партнерка употребувате секс-играчки, добро е да знаете дека пред употреба можете да го изладите вибраторот во замрзнувач.rn
Секс под туш
rnЛепливите лета се најдобар изговор за секс под туш. Оваа опција е одлична бидејќи истовремено ве лади на жешкото време и ве одржува чисти по сексуалниот чин. Две муви со еден удар.rnrn
rn
Мудро изберете поза
rnИзбегнувајте пози во кои торзата се допираат. Сигурно сами ќе се сетите како да изведете некоја, но чисто за инспирација можете да ја пробате оваа.rnrn
rn
Не плашете се да се потите
rnРеки пот од телото на вашиот партнер или партнерка се слеваат на вашето лице и тело… Не звучи баш возбудливо. Но, нема причина да го избегнувате ваквиот ефект. Потта испушта природни феромони кои делуваат како природен парфем кој го возбудува вашиот партнер. Тие имаат силен афродизијачки ефект, така што дишете и апсорбирајте од природниот афродизијак на вашиот партнер.rn
Секс во базен
rnОва е добра опција само доколку не користите кондоми, што пак е ОК само доколку сте во долга моногамна врска.rnrnТоплата вода и хемикалиите влијаат на издржливоста на кондомот, а дополнително во вода полесно е да се излизга. Затоа не сметајте на овој тип заштита.rnrnПа, ако ги исполнувате погорните критериуми, ви останува само да најдете базен каде што ќе можете да го искусите ова влажно, но сензационално искуство. Во водата ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате полесно заради што ќе бидете многу пофлексибилни. За инспирација во базен, погледнете ја сликата подолу.rnrn
rn
Секс на отворено
rnОва не е баш легална опција, но правилата се за да се прекршуваат. Па, сè додека сте дискретни и нема луѓе околу вас, пробајте го и ова искуство. Совет: полесно е доколку носите лесна облека, како пантолони без ремен за машките и фустани за женските. Бидете практични и завршете работа набрзина, а потоа, задолжително расчистете си зад себе.rnrnАко пак сте на одмор, ви ја препорачуваме „полуотворената“ варијанта – секс во шатор.rnrn
