КАФЕ ПАУЗА

Внесете летна возбуда во вашата врска

Внесете летна возбуда во вашата врска

Чувствувате дека вашата врска губи стабилност? Или можеби се јавува по некој знак на здодевност и монотонија? Не дозволувајте да спласне возбудата во вашата љубовна врска, искористете ги благодетите кои ги носи летото.rn

Секс на отворено

rnВо лето сме порелаксирани, опуштени, а секако и топлото време е дополнителен плус. Се разбира внимавајте каде го правите, но задолжително направете го тоа ова лето. Летото е совршено за секс на отворено.rnrnВнесете летна возбуда во вашата врскаrn

Викенд-бегство

rnНема нешто што може повеќе да ги зацврсти вашите односи од едно кратко романтично бегство. Одберете викенд кога вие и вашиот сакан/а ќе избегате од градскиот метеж и ќе се стопите во прегратка цел еден викенд, само вие двајца. Нема проблеми, обврски и трчање, има само многу љубов и летна романса. Посветете се еден на друг!rn

Секс на невообичаени места

rnИ хормоните во лето лудуваат, шансите да ви светне некоја луда идеја се уште поголеми. Страстите разменете ги далеку од спалната соба и удобниот кревет. Kлуч за внесување возбуда во врска е несекојдневното.rn

Жежок состанок

rnДури и да сте во врска со години, вратете го она чувство кое сте го имале на првиот состанок. Испланирајте го добро, и нека биде незаборавен. Нека наликува на оној прв состанок на кој толку многу се внимава, испланирајте го во етапи, вечера, кино, можеби куглање или нешто слично…rn

Латино звуци

rnДоколку знаете да танцувате супер, доколку одговорот е негативен, научете, или играјте онака како што знаете, кому му е грижа? Заедно посетете латино забава или забава со кубанска музика и оставете звуците да ве понесат. Едноставно има звуци на кои е прикладно да се игра во лето, па искористете го ова лето и танцувајте… и тоа многу!rnrnЛето е, конзумирајте добри коктели, уживајте и лудувајте максимално. Искористете го тоа за да си ја подобрите врската доколку имате партнер. Но, притоа не заборавајте да бидете внимателни и одговорни.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.