Постои цел еден свет кој луѓето не можат да го забележат со голо око. Со помош на микроскопите добиваме можност да погледнеме во светот на најмалите честички, додека пак со фотоапаратите кои прават фотографии со голема брзина можеме да набљудуваме и настани кои се случуваат во само еден дел од секундата. rnrn
rnrnФотографот Маркус Регелс се фокусира на експериментирање со водени капки. Преку различни комбинации со светлина, боја за храна, површини (течни и цврсти) и движење на воздухот, тој креира неверојатна течна уметност која се создава и исчезнува во помалку од секунда, но преку неговите фотографии останува да постои вечно. Регелс тврди дека ниту една од фотографиите не е обработувана во Фотошоп и дека тој употребува само еден постпродукциски софтвер со кој ги отстранува оние нешта како прашината од сензорот. Сите тонови, бои и форми се природно создадени, без дигитална манипулација. Погледнете дел од неговата неверојатна колекција…rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.














