Дали сте забележале дека во последно време правите повеќе тешки воздишки отколку што произведувате насмевки на вашето лице? Дали чувствувате дека нешто не ви дозволува да го живеете животот на начин на кој навистина сакате? Дали сте заборавиле какво е чувството на целосна исполнетост и верба во себе? Не мора да биде така. Вие заслужувате да оставате силен впечаток со своите постапки секој нов ден и сè што ќе направите да се вбројува во вашите успеси и подвизи.rnrnСекако дека не треба да целите кон утопија, бидејќи совршенството е илузија. Но зошто да не се будите наутро радувајќи му се на денот и чекајќи да видите какво ново изненадување ќе ви приреди? Наместо да го одлагате вашето станување од кревет наутро и да го исклучувате алармот, скокнете на нозе при првото ѕвонење и подгответе се за новиот ден. Да, лесно е да постапите така кога го живеете животот онака како што сакате.rnrn
rnrnВи се смачи да бидете безволни, да се однесувате меланхолично и без желба и енергија за ново животно искуство? Во тој случај ова се седумте работи кои мора да ги направите.rn
Секогаш, секогаш следете ја вашата страст!
rnСекојдневно сме сведоци на личности кои неволно си ја работат својата работа. Заглавени се во лавиринтот на незадоволството и не само што лошо си ја вршат работата туку и им отежнуваат на оние околу себе. Гледате службеничка во банка која попрво би била каде било во светот отколку на нејзиното работно место, и ви станува јасно дека не сакате и вие да бидете заробени цел живот работејќи нешто што не ви е по ќеф.rnrnОна што треба да го направите е да ја одредите својата страст и да тргнете кон неа без размислување! Некој ви вели дека е глупаво или невозможно или дека многу сонувате? Можеби е невозможно за него, што не значи дека би било и за вас!rnrn
rnrnСакате да фотографирате, пишувате, цртате, да имате своја продавница, да станете професионален организатор на настани, можеби стилист, професор… што уште не! Имате толку многу опции, што е она што ви го диктира срцето?rnrnУбавината на животот е кога наутро итате кон вашето работно место знаејќи дека ќе направите промена во нечиј живот, дека некому ќе му помогнете, дека нешто вие ќе научите или пак ќе го пренесете знаењето на некој друг.rn
Не задоволувајте се со малку
rnНема да речете дека е во ред онака како што веќе стојат работите, или да се лажете себеси дека не можете повеќе само затоа што ве мрзи да ја исправите главата од перница и да почнете да го спроведувате вашиот сон во јаве.rnrnДа, претераната амбициозност не ви носи ништо добро, но ве молам, слободно поседувајте ја амбициозноста како карактеристика во умерени количини. Секогаш можете повеќе и целете кон тоа да постигнете нешто плус. Не зборувам само за пари или кариера, туку поголемо искуство или повеќе знаење.rnrn
rn
Продолжете да учите
rnУште од основно не можеме да дочекаме нашето образование да заврши и да дојде тој момент кога ќе држиме во рака диплома, знаејќи сè што треба да знаеме. Не постои човек кој знае сè и чии знаења не можат да се надополнат. Како што сè повеќе се доближувам до моментот кога ќе го завршам формалното образование, желбата за знаење и откривање на светот сè повеќе расте во мене. Никогаш нема да бидете сезнајковци и секогаш ќе треба да научите нешто ново, инаку нели животот би бил здодевен до бол?rnrnНеактивниот мозок не е продуктивен. Секогаш задавајте си нова задача. Искуство кое треба да го стекнете, вештина која треба да ја совладате, книга која треба да ја прочитате. Продолжете со учење, формално или не. Никогаш не знаете каков интерес ќе поттикне во вас она што сте го прочитале. Никогаш не знаете која ќе биде новата брилијантна идеја што ќе ви падне на памет.rn
Вежбајте трпеливост
rnСо цел да ја стекнете трпеливоста како навика, мора да бидете изложени на ситуации кои од вас бараат да бидете трпеливи. Вие можете да го испланирате својот живот во детали, но работите ќе се случат тогаш кога ќе биде вистинското време.rnrnСекако дека треба да имате цел, дека треба да знаете каде се движите и да се поттикнете себеси на работа што би резултирала со успех. Но не брзајте да стигнете веднаш до крајот и до моментот кога работата ќе ви се исплати и сите ќе бидат воодушевени давајќи ви позитивни критики. Работете, стремете се кон вашите цели, но бидете многу трпеливи за исходот. Тоа ќе ве направи многу помудри и повешти.rnrn
rn
Имајте верба
rnВи се чини дека сте во соба со заклучени врати и не можете да најдете излез? Имајте верба дека еден ден ќе пронајдете прозорец кој ќе ве ослободи. Вербата е еден од клучните елементи во животот. Без разлика дали сте религиозни или пак верувате генерално во позитивна енергија која ќе ви помогне да се справите со лошите моменти, важно е да имате верба.rnrnМногумина нашле излез од многу полоши ситуации од вашата. Како пример земете ги оние кои немале ништо, а постигнале многу. Вие може да ја имате способноста да пронајдете изум кој ќе го промени светот, но сè додека немате верба и ги слушате оние кои ви велат дека не можете, вие нема да се помрднете ни со прст, а тоа е жалосно.rn
Не ограничувајте се себеси
rnЕдинствениот кој може да ве спречи на вашиот пат кон остварување на целите сте самите вие. Најчесто самите сме си најголеми непријатели на себеси. Ќе се согласиме на нешто што не ни одговара, ќе одбереме да не работиме напорно за она што го заслужуваме, ќе им се предадеме на оние кои мислат дека се подобри од нас.rnrnВие одбирате каде ќе одите, што ќе правите и како ќе го живеете својот живот. Не ограничувајте се. Истражете ги своите интереси, истакнете се на нови полиња, пронајдете нов интерес.rnrn
rn
Малку себичност не е на одмет
rnНе живеете за постојано да им ги олеснувате животите на сите околу вас, туку за да живеете онака како што сакате, а тоа некогаш бара и малку себичност. Ако не знаете да кажете „не“ кога некој ќе побара нешто од вас, тогаш ќе бидете принудени да си правите противуслуга на самите себе.rnrnДа, треба да мислите и на другите, но исто така и на себеси. Никогаш нема да успеете секому да му угодите, а неретко нема да добиете ни едно „благодарам“. Вие сте личноста на која примарно треба да се фокусирате. Издвојте време да му помогнете на оној кој знае да ја цени вашата помош и само тогаш кога со таа услуга не си штетите себе.rnrnНе значи дека сте лоша личност ако речете „не“. Не значи дека постојано треба да им помагате на другите и секогаш да им излегувате во пресрет притоа уништувајќи си ги сопствените можности за успех.
