Есенските елеци се доста практични, и речиси секоја девојка има макар еден во својот гардеробер. Сепак, изгледаат доста спортски и ви се чини дека е невозможно да ги вметнете во женствена и шик комбинација. Еве како да изгледате гламурозно со ова едноставно парче облека.rnrn
rn
Шик со големо парче накит
rn
rnrnОдличен начин да бидете модерни и шик а истовремено да се чувствувате удобно и топло. Искомбинирајте широки фармерки и еднобоен џемпер со чизмички до глужд и дебел елек. Дајте му гламур на овој едноставен изглед со впечатлив накит, големо ланче и рачен часовник.rn
Женствено со макси здолниште
rn
rnrnЗдолништата не се само за во лето. Искомбинирајте црно макси здолниште и еднобојна маичка со кратки ракави и интересен натпис. За да ви биде потопло одберете и тексас кошула, како и плетено капче чии бои ќе се совпаднат со бојата на вашиот елек. Совршен избор на обувки се оксфордките или чевлите на висока плута.rn
Тренди со широки панталони со принт
rn
rnrnОдберете широки панталони со црно-бел принт, црн елек и еднобоен широк џемпер. Одберете и ниски затворени балетанки, и „зачинете“ го изгледот со црвена впечатлива нијанса на кармин како и плетен шал.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.