Автор: Катерина Каланоска rnrnСте се обиделе ли некогаш да додадете малку овошје или зеленчук во барем една чаша вода во текот на денот или пак мотото „Детокс вода за поздрав живот“ ви е непозната тема? Сте го почувствувале ли мирисот на ѓумбирот или аромата на краставицата во вашиот секојдневен пијалак?rnrn
rnrnДали сте знаеле дека само малку овошје и зеленчук во една чаша вода помагаат при намалување на телесната тежина и шансата за појава на рак, а исто така придонесуваат и во борбата против ракот? Верувајте, нема ништо повеќе освежувачко од еден супер вкусен пијалак измешан со многу витамини кои можат да ви го разубават секое утро.rnrnВо продолжение следуваат 10-те најдобри рецепти за домашна детокс вода, кои ќе ви помогнат да тргнете во вистинската насока кон здравиот живот.rn
1. Детокс вода со лимон и ѓумбир
rn
rnrnКиселкастиот вкус на лимонот и малку чудната арома на ѓумбирот, помешани со чаша вода, се сметаат за најдобрата „пикантна“ напивка за слабеење со која ништо друго не може да се спореди.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 350 милилитри вода
- 1 сантиметар корен од ѓумбир
- 1/2 лимон
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИсцедете го лимонот и потоа сокот измешајте го со потребната количина вода. Измелете го ѓумбирот најситно што можете и додајте го во мешавината со вода и лимон.rn
Напомена:
rnОвој пијалак има способност да го прочисти вашето тело во рок од три дена, па затоа е препорачливо да се консумира со мали паузи, неколку пати на ден. Можете да пиете и само по една чаша, секое утро, но тогаш паузата мора да ја правите на четири до пет дена.rn
2. Детокс вода со лубеница
rn
rnrnОсвежувачкиот вкус на лубеницата, кој е незаменлив за време на летните горештини, комбиниран со малку вода создава прекрасен пијалак кој ги чисти сите непотребни материи од телото.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 300 грама лубеница, исечкана на коцки
- 1 литар вода
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги парчињата лубеница во сад со вода и потоа ставете го на неколку часа во фрижидер.rn
Напомена:
rnОваа напивка може да се консумира повеќе пати во денот и да се комбинира по вкус.rn
3. Детокс вода со малина и нане
rn
rnrnМиризбата на ментол на нането и непредвидливиот вкус на малината, комбинирани заедно, создаваат прекрасен вкус кој помага за намалување на телесната тежина и регулирање на исхраната.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2 литри вода
- 2 супени лажици малини, свежи или замрзнати
- 2 супени лажици ливчиња од нане
- 1 лимета
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги малините во водата. Иситнете ги ливчињата нане, па потоа додајте ги и нив во смесата. На крај, исечкајте ја лиметата на кругови, па додајте ја врз останатите состојки.rn
Напомена:
rnОваа напивка е „поразредена“, но доколку сакате да ги засилите мирисот и вкусот на нането и малината, тогаш, пред да ја додадете лиметата, ставете ја комбинацијата од малина и нане во микробранова на 30-тина секунди, па потоа додајте ја лиметата.rn
4. Детокс вода со боровинки и лаванда
rn
rnrnЗа некои можеби звучи чудно, но лавандата е совршена состојка кога барате нешто здраво за опуштање на мозокот и телото. Обилноста на витаминот Б во боровинката, и моќта за смирување на лавандата, ја прават оваа детокс вода број еден на листата за опуштање.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 75 грама боровинки
- 1,8 литри вода
- Неколку ливчиња цвет од лаванда
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги боровинките и лавандата во водата и оставете ги да отстојат 30 минути.rn
Напомена:
rnОваа детокс вода е најдобро да се консумира пред спиење.rn
5. Детокс вода со портокал и краставица
rn
rnrnИмате потреба од пијалак кој истовремено ќе ви ги исчисти целиот дигестивен тракт и црниот дроб и ќе ви го ослободи стомакот од сите непотребни токсини и маснотии? Комбинацијата од портокал и краставица може да биде совршен избор за вас.rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 2 до 3 литри вода
- 2 големи портокали
- 1 лимон
- 1/2 голема краставица
- Шака ливчиња нане
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗа почеток, исечкајте ги портокалите, лимонот и краставицата на кругови, ставете ги во половина од водата и благо гмечете ги додека не добиете совршен спој од сите вкусови. Потоа, земете го нането, додајте го во садот со останатите состојки и нежно промешајте. За крај, налејте го остатокот од водата.rn
Напомена:
rnОвој пијалак има рок на траење – 2 дена после правењето веќе не е здрав за консумирање.rnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 рецепти…rn