Одри Хепберн останува непресушна модна инспирација, па со отворањето на летната сезона во нашите плакари неизбежно би помислиле токму на неа. Нејзината елеганција, едноставност и префинетост е пример за тоа што значи да се биде модна икона. Еве како да го копирате летниот стил на Хепберн.rnrn
rn
Бродска дама
rnИскомбинирајте шорцеви со висок струк, лесна кошула без ракави и ниски сандали со ремчиња. Толку едноставно и префинето. Токму затоа го сакаме стилот на Одри.rnrn
rn
Слатка девојка на плажа
rnЗа да креирате класичен и безвременски изглед искомбинирајте шорцеви со вертикални риги, еднобојна маичка на прерамки и еднобојни балетанки.rnrn
rn
Класично и женствено
rnДојде време за аксесоарите. Како основа за овој изглед одберете едноставен еднобоен краток фустан и привлечете внимание со аксесоарите. Искомбинирајте марама со дезен со точки, мали округли обетки, очила со мачкест облик, каиш во иста боја со марамата и голема чанта.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.