КАФЕ ПАУЗА

Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

Како да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?

Овие неколку трикови ќе ви помогнат да го претворите слободното време во време за грижа за убавината и за здравјето на телото и на целиот организам. Нема човек кој не знае колку е тешко да се избалансира слободното време, што е многу кратко. Денес, луѓето живеат динамичен живот и ретко ви останува слободно време за одмор и за грижа за убавината и за здравјето. Затоа е потребно да направите некои отстапки и да се обидете да убиете две муви со еден удар, а овие неколку совети ќе ви откријат како да го направите тоа.rnrnКако да го искористите слободното време во корист на убавината и на здравјето?rn

Како да вежбате и да се одморите истовремено?

rnИако звучи невозможно и крајно апсурдно да се одморите со вежбање, тоа е можно ако следите неколку совети.rn

Пријатен амбиент

rnПотребно е да го подготвите амбиентот така што ќе ви овозможи чувство на релаксација: светлина, малку ароматични масла за опуштање, тивка музика.rnrnИли пуштете го вашиот омилен филм и легнете на подот со неколку перници.rnrnШтом амбиентот е поставен за релаксација, тренингот може да започне.rn

Вежби за опуштање што го отстрануваат целулитот

rnПри грижата за здравјето и за убавината на телото, потребно е да одвоите време за борбата против целулитот, а тоа не е лесно.rnrnКога ви е потребен одмор, едноставно немате желба за вежбање, но на овој начин можете да ги постигнете двете работи одеднаш.rnrnВо пријатен амбиент, потпрете се на перниците и започнете со првата вежба:rn

    rn 011

  • Левата нога оптегната со стапало кон себе, десната нога свиткана кај коленото.
  • rn 011

  • Подигнете ја ногата десет сантиметри од подлогата, држете ја неколку минути и спуштете ја.
  • rn 011

  • Повторете барем десет пати, потоа заменете ги нозете и сторете го истото.
  • rn

rnОваа вежба не само што го подобрува тонусот на кожата и го намалува целулитот, туку ги зајакнува и мускулите на ‘рбетот. Исто така, таа е добра за секој што долго седи или стои бидејќи ги намалува болките во грбот.rnrnСледна вежба:rn

    rn 011

  • Левата нога е оптегната и подигната околу десет сантиметри од подлогата.
  • rn 011

  • Десната нога е свиткана во коленото.
  • rn 011

  • Поместете ја левата нога налево и вратете ја на почетната позиција.
  • rn 011

  • Повторете десетина пати и сменете ги нозете.
  • rn

rnОваа вежба не е напорна, ги затегнува мускулите на бутот и глутеусот, а на тој начин влијае и на разградувањето на целулитот во тој регион.rnrnОвие две едноставни вежби може да се направат додека гледате филм или се релаксирате со музика. Всушност, тие можат да се прават и во када додека се релаксирате со мирислива купка.rnrnОвие вежби се одлични за одржување витка линија и убав изглед, влијаат на целокупното здравје на организмот и може да се прават во слободното време наменето за релаксација.rn

Слободно време со музика и танцување

rnМузиката и танцот се одличен начин да го искористите слободното време и да одвоите време за себе – време за ослободување од стресот и за подобрување на расположението. Додека танцувате, ги затегнувате мускулите на телото и ја подобрувате циркулацијата на крвта.rnrnВашата омилена музика го поттикнува лачењето на хормонот на среќата, а со тоа се подобрува расположението и се намалува нивото на стрес. Ова е можеби најдобриот пример за тоа како слободното време може да се искористи во корист на здравјето и на убавината.rn

Водата како извор на релаксација и грижа

rnСлободното време поминато во природа покрај вода каде што можете да уживате и да се опуштите додека пливате е одлично искористено слободно време. Дури и да не е во природа, туку во затворен базен во зима, водата има големо влијание врз здравјето.rnrnПетнаесет минути пливање не само што нуди забава, туку заменува цел час во теретана.rnrnЛебдењето на површината на водата додека главата половина е во водата носи чувство на релаксација и му помага на умот да се одмори.rnrnПливањето го затегнува телото, влијае на дигестивниот и на кардиоваскуларниот систем, ја подобрува циркулацијата и ги активира сите мускули во телото. Сето тоа се случува практично незабележливо бидејќи додека пливате и се забавувате во вода, телото работи и вежба, а вие не сте ни свесни за тоа.rn

Јогата како вежба и релаксација

rnЈогата за некои звучи глупаво и претенциозно, а некои ја сакаат и им звучи примамливо. Оние кои практикуваат јога тврдат дека е одлична за здравјето и за флексибилноста на телото, но и за релаксација и за ослободување од стресот.rnrnГолем број луѓе практикуваат јога и на тој начин постигнуваат единство помеѓу телото и духот и успеваат да се ослободат од стресот, да го подобрат тонусот на мускулите, да ја отстранат болката во телото и да се ослободат од негативната енергија.rnrnКористењето на слободното време на паметен начин и вложување во здравјето и во убавината никогаш не може да биде погрешно. Не мора да го трошите слободното време на ваков начин секој пат. Доволно е да применувате некои од овие совети двапати неделно за да забележите промени.rnrnПогледнете ги овие 3 дневни рутини за убавина што можете да ги позајмите од ајурведата.