КАФЕ ПАУЗА

3 дневни рутини за убавина што ќе ги позајмиме од ајурведата

3 дневни рутини за убавина што ќе ги позајмиме од ајурведата

Зборот ајурведа буквално се преведува како „наука за животот“ или „уметност на долговечноста“. Доволно би било да обрнеме внимание на овие 3 рутини за убавина што можеме да ги воведеме во секојдневниот живот.rnrnИмајте на ум дека конзистентноста е клучна доколку сакате да добиете резултати и затоа ајде да започнеме веднаш!rnrn3 дневни рутини за убавина што ќе ги позајмиме од ајурведатаrn

1. Чаша топла вода наутро

rnЧаша топла вода наутро има благ и смирувачки ефект врз организмот. Се препорачува водата да отстои од претходната ноќ или да се прочисти со филтер. Топлата вода ги исплакнува бубрезите и ги стимулира други органи, а ако додадете лимон, помагате и ја стимулирате работата на цревата. Започнувањето на денот со кафе и чај е погрешно, затоа прво подгответе го вашето тело за сè што следи.rn

2. Редовно „чистење“ на јазикот

rnЧистењето на јазикот е древен ајурведски метод кој денес станува сè попопуларен, бидејќи ефикасно се справува со лошиот здив. Покрај тоа што помага при лошиот здив, така се ослободувате од мртвите и непотребни бактерии кои сакаат да останат таму каде што всушност започнува варењето на храната.rn

3. Жабуркање со масло од сусам

rnЗа да ги зајакнете забите, непцата и вилицата, за подобри перформанси на гласните жици и да ги намалите „брчките“, жабуракајте топло масло од сусам секое утро. Држете го во уста неколку минути и исплукајте го. Потоа, нежно масирајте ги непцата со прстите.rnrnМожеби ќе сакате да го пробате овој лесен есенски пилинг за тело од тиква.