Зелениот чај е богат извор на антиоксиданси, па поради тоа е совршен производ за одржување на здравјето на кожата. На почетокот, зелениот чај бил многу популарен во Кина и се користел за лекување на сите видови главоболки и депресија. Денес се користи за многу работи, најмногу поради своите бројни здравствени предности.rnrn
rnrnОсвен здравствените предности, зелениот чај има и низа добри работи кога е во прашање кожата и телото. Зелениот чај ќе ви помогне да ја подмладите кожата, а може да се користи и за лекување рани и кожни болести. Делува како природен тонер, помага при извлекување на нечистотиите, ги намалува порите и ѝ дава сјај на кожата. Денес избравме неколку методи кои без проблем можете да ги користите и да ги направите дома, бидејќи ви се потребни многу малку состојки. Главната состојка е секако – зелениот чај.rn
1. Маска за лице
rnИсечете две вреќички зелен чај и во посебен сад ставете ја содржината. Измешајте ја со 1-2 лажици мед и малку лимонов сок. Нанесете на вашето лице и оставете да делува 5-10 минути. Измијте со млака вода. Користете ја маската еднаш до двапати неделно.rn
2. Третман за уморни очи и подочници
rnСтавете две вреќички зелен чај во фрижидер на 30 минути. Студените вреќички чај ставете ги на капаците. Седнете и опуштете се на 15 минути. Користете ја оваа метода два пати дневно, додека не ги добиете задоволувачките резултати.rnrn
rn
3. Акни и мозолчиња
rnСтавете 1 лажица чај во 60 милилитри вода. Земете тупфер и намокрете го во мешавината, па нанесете го на ризичната област. Измијте со студена вода. Повторете ја постапката барем два пати дневно.rn
4. Третман за раст на косата
rnПосле миењето на косата, измијте ја со свежо подготвен зелен чај. Оставете ја да отстои 10 минути, а потоа измијте ја со студена вода. Правете го тоа барем 2-3 пати неделно, во период од неколку месеци.rnrn
rn
5. Пилинг за лице
rnИзмешајте една лажица зелен чај, една лажица шеќер, 60 милилитри маслиново масло и две лажици мед. Нанесете на чисто и суво лице, со кружни движења. Измијте со топла вода.rn
6. Зелен чај, мед и јогурт за пори
rnИзмешајте една лажица зелен чај, една до две лажици павлака и малку мед. Размачкајте ја маската на лицето. Оставете да делува 15 минути и потоа измијте ја.rnrnДоколку се одлучите и да го консумирате, погледнете кои здравствени придобивки ги има зелениот чај.