КАФЕ ПАУЗА

Како да ги дизајнирате ноктите со изглед на култните патики Старки?

Како да ги дизајнирате ноктите со изглед на култните патики Старки?

За да направите ваков оригинален изглед на вашите нокти, потребно ви е тенко четче, црн, бел, сребрен и проѕирен лак, алатка за нокти со мала кугличка на врвот и малку труд.rnrnКако да ги дизајнирате ноктите со изглед на култните патики Старки?rnrn

Начин на изработка:

rnНанесете два слоја црн лак на вашите нокти. Откако ќе ви се исуши лакот, нанесете бел лак на горниот дел од ноктите како за француски маникир. Доколку не сте многу прецизни, можете да залепите селотејп врз ноктите, со цел завршната линија да биде идеална. Потоа нанесете по 3 точки вертикално распоредени на левата и десната страна од нокотот, користејќи сребрен лак и алатка со мала кугличка на врвот. Потоа, со тенко четче и бел лак поврзете го точките, креирајќи вкрстено протнати врвки од патики. Врз сребрените точки, нанесете помала точка со црн лак. Откако ќе завршите со врвките, врвот направете го така што на горниот дел од нокотот, врз белиот лак, ќе нацртате црна кружна линија. Маникирот финиширајте го со еден слој безбоен лак. Во неколку чекори, добивте кул нокти со изглед на Старки. :)rnrnСовет: Доколку ноктите ви се кратки, може да ви биде малку потешко да го направите овој дизајн, со оглед на тоа што имате помала површина за цртање.rnrnДеталната изработка, погледнете ја во видеото:rnrnrn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn