Истражувачи на Универзитетот Канзас направиле студија во која ги испитувале различните начини на комуникација и поврзаноста меѓу нив, а потоа од нив извлекле пет различни стилови кои се користат при флертувањето. Моделот кој секој од нас го користи зависи од начинот на кој ги испраќаме вербалните и невербалните пораки, а тие може да ни откријат на кој од овие пет начини флертуваме.rnrn
rn
1. Физички
rnЛуѓето кои флертуваат на физички начин повеќе користат говор на телото отколку што даваат комплименти. Попрво би разговарале со некого на некое место каде што има многу луѓе отколку некаде на само.rn
2. Традиционален
rnТие веруваат дека мажите се оние кои треба да го направат првиот чекор, а жените треба да бидат повеќе пасивни. И мажите и жените кои флертуваат на овој начин го користат отворениот став на телото, со тоа што мажите зборуваат, а жените делуваат посрамежливо.rn
3. Срдечен
rnФлертуваат така што откриваат дел по дел од себеси, фокусирани се на соговорникот/соговорничката и многу малку гестикулираат. Жените кои флертуваат на ваков начин постојано се смешкаат, но тоа го прават повлечено и срамежливо.rn
4. Љубезен
rnСе обидуваат да бидат љубезни и затоа тешко е да се забележи кога сакаат да флертуваат. Покажувајќи почит, тие оставаат поголем простор на соговорникот/соговорничката, а тонот им останува постојано ист.rn
5. Игрив
rnСакаат да флертуваат и тогаш кога не им е дојдено до романса. Тие флертуваат само за да флертуваат. Не се срамат да кажат што било и често се служат со допири.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.