Комплексот наречен „Пепелашка“, по популарниот лик од детските приказни, ги опишува жените и девојките кои живеат во соништа, во замислен свет од бајките и одбиваат да ја прифатат реалноста. Овој термин првпат го претставила писателката Колет Довлинг во книгата „Комплексот Пепелашка“ од 1981 година. Таа го дефинира како страв од независноста.rnrn
rnrnПрва карактеристика е што жените кои го имаат овој комплекс, потсвесно сакаат да ја пренесат одговорноста за својот живот на другите луѓе. Овие Пепелашки не живеат во сегашноста, туку во некој свој замислен подобар живот кој ги чека некаде далеку. Големо влијание врз оваа појава има и популарната култура, односно она што се случува во книгите, филмовите и сериите.rnrnАко препознаете некоја од следниве форми на однесување кај себе, тогаш внимавајте, можно е и вие да се претворате во Пепелашка:rn
1. Мислите дека не сте доволно добра ако немате партнер
rnБез разлика на тоа што сте убава, паметна и многу успешна, се чувствувате нецелосно поради тоа што немате партнер покрај себе.rn
2. Не знаете како да се однесувате кога ќе добиете комплимент
rnСекој комплимент или пофалба за вас ги дочекувате со одбивање, но, исто така, немате проблем да прифатите вина за нешто што не е ваша грешка.rnrn
rn
3. Очекувате дека ќе ве спаси некој принц
rnНаместо да се борите за својата среќа, очекувате да дојде принцот на белиот коњ и да ви ги реши сите проблеми. На овој начин можете само да влезете во врска во која ќе имате нереални очекувања за решавање на проблемите, кои многу често се само во вашата глава.rn
4. Се плашите од неизвесноста
rnВлегувате од врска во врска бидејќи ви е страв да останете сами. Некогаш го правите тоа дури и со личност која не ви се допаѓа доволно, бидејќи поважно ви е да бидете во каква било врска, отколку во никаква.rn
5. Не знаете што би правеле ако раскинете со партнерот
rnПомислата на раскинување на врската кај вас создава страв и сметате дека животот ќе ви биде потполно уништен. Иако до одреден степен ваквото размислување е романтично, во основа вие верувате дека вашиот свет ќе биде целосно срушен и тоа е знак на премала самодоверба.rnrnЗа да се надмине овој комплекс, потребно е да поработите на своите вистински чувства и желби, да се посветите на реалноста и да го прифатите светот таков каков што навистина е, а не онаков каков што вие го замислувате.rnrnПрочитајте ги и овие 20 работи кои секоја девојка треба да ги знае за себе и за своето тело.