Автор: Александар НиневскиrnrnТочноста е многу важна за градење професионален имиџ и оставање позитивни први впечатоци. Иако сите сме слушнале многу смешни изговори, доцнењето е најчесто последица на нешто обично. Доколку честопати сте се нашле во ситуација да сте во трка со времето, сега е моментот да подзастанете и да размислите што е тоа што ве задржува.rnrn
Проблеми со алармот
rnДали воопшто не заѕвонил или сте го наместиле во погрешно време, или едноставно цврсто сте спиеле цело време додека ѕвонел – како и да е, избегнете ги ваквите проблеми со малку планирање. Најпрво погрижете се да склопите очи седум до осум саати секоја вечер и наместете два или три различни аларми за да имате гарантирано будење. Може да бидат физички различни направи (мобилен, будилник и сл.) или едноставно различни мелодии на вашиот телефон. Доколку имате проблем наутро да станете од кревет, наместо да го поставите мобилниот или будилникот на дофат до вашата рака, поставете го на другиот крај од собата за да мора да станете за да го исклучите.rnrn
rn
Спремањето станува хаотично
rnКаде ви е чантата или ранецот? А клучевите? Ја однесовте ли облеката на хемиско? Овие стресни моменти лесно може да ги избегнете со само малку планирање. Вечерта пред да легнете да спиете, подгответе сè што треба да понесете пред да излезете и ако можете изберете облека за наредниот ден. Исто така пресметајте колку време ќе ви треба за туширање, средување на косата и јадење за соодветно да го наместите алармот.rnrn
rn
Порака, имејл или повик на телефон
rnНе дозволувајте случајни работи предолго да ви го одвлекуваат вниманието. Ако ви заѕвони телефонот, јавете се и разговарајте минута до две и потоа прекинете. Ако е битно ќе го продолжите разговорот подоцна. Ако добиете имејл или порака на која треба итно да одговорите, направете го тоа најбрзо што можете и веднаш исклучете го мобилниот или компјутерот пред да започнете да си проверувате Фејсбук, Твитер итн.rnrn
Интернетот ви го краде вниманието
rnСите знаеме дека е примамливо да го проверувате вашиот мобилен или компјутер на секои 5 минути, но избегнете ги непотребните проверувања кога се брзате за некаде. Зачувајте го објавувањето на вашите статуси за кога ќе пристигнете на вашата дестинација и оставете го бесцелното сурфање за подоцна.rnrn
rn
Ви избега автобусот
rnКако што се приближувате на аголот на улицата гледате како вашиот автобус ви заминува пред очи. На сите ни се случило ова барем еднаш, така што не вознемирувајте се. Во зависност од условите размислете и проценете дали е најдобро да повикате такси, да го почекате следниот автобус или да се јавите кај некој пријател. Најдобро е да ви стане навика да одите порано на автобуската станица, за да можете без да задоцните да го почекате следниот автобус, ако првиот сте го пропуштиле или не дошол на време.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
