Во гробница во Александрија, Египет е откриен масивен црн саркофаг од гранит и скулптура од маж кој можеби бил закопан таму. Саркофагот изгледа навистина неверојатно. Долг е речиси 2,7 метри, широк 1,5 метри и длабок 1,8 метри. Според Мустафа Вазири, генерален секретар на Египетскиот врховен совет за антиквитети, ова е можеби најголемиот саркофаг откриен во Александрија.rnrn
rnrnПоголемиот дел од саркофагот е покриен со дебел слој малтер, а ова укажува дека не е отворен откога е закопан. Поради ова личноста што е закопана внатре, заедно со облеката, накитот и артефактите, можеби е во одлична состојба и чека да биде откриена.rnrnДо саркофагот е пронајдена и глава на маж направена од алабастер. Главата најверојатно го претставува човекот закопан во саркофагот.rnrn
rnrnТим од Египетското министерство за антиквитети ја истражувал околината пред да започне изградба на зграда кога го откриле мистериозниот ковчег.rnrnСаркофагот датира помеѓу 304-та и 30-та година п.н.е., период по смртта на Александар Велики кога наследниците на Птоломеј Први владееле со Египет. Во овој период, Александрија била главен град на Египет.rnrnОва откритие ги остава археолозите со неколку неодговорени прашања. Кој е закопан во саркофагот? Кои артефакти се кријат внатре? Зошто саркофагот е толку голем?rnrnИако древните гробници скоро секојдневно се откриваат во Египет, најчесто тие се ограбени, или во древниот или во модерниот период. Повеќето саркофази што се откриваат се веќе отворени, артефактите се украдени, а често коските од мумиите се расфрлани од крадците.rnrnВо овој случај саркофагот не е отворен, а ова е одлична можност за археолозите да ја проучат неговата содржина. Саркофагот уште не е отворен. Со цел да се избегне оштетување, археолозите најверојатно ќе користат рендгенски зраци, компјутерски томографски скенер и други тестови за да дознаат што се крие во неговата внатрешност без да го отвораат.rnrnДознајте нешто повеќе за најпознатите нерешени мистерии од древен Египет.
Што се крие во новооткриениот масовен саркофаг од Египет?
