Нов тренд за убавина што би можел да владее во 2020 година

Сподели

Минатата година, масажерот за лице од жад беше апсолутен хит, а експертите за убавина и инфлуенсерките тврдеа дека тој помага за намалување на отоците на лицето и на црвенилото.

Реклама

Ролерите за масажа ќе бидат актуелни и во текот на оваа година, но она по што сите лудуваат се програмите за гимнастика на лицето. Низ САД се отвораат „теретани“ за лице, а онлајн-курсевите веќе го преплавија Интернетот.

Добрата масажа на лицето може да ги елиминира главоболката и исцрпеноста, а лицето можете да го масирате и дома. Пред да започнете со масажата, отстранете ја шминката и подгответе масло што ќе им помогне на рацете полесно да се лизгаат по кожата.

Покријте го целото лице со рацете така што врвовите на прстите ќе се наоѓаат на челото, а краевите на дланките ќе бидат близу до брадата.

Држете ги така неколку секунди, а потоа полека и нежно движете ги кон ушите, така што на тој начин ќе го нанесувате маслото по целото лице.

Погледнете кои 3 модни додатоци ќе доминираат во текот на 2020 година.

Најново

Може ќе ве интересира