Гостински пост: д-р Гоце Крстиновскиrn
Загубата на само еден заб во усната празнина незабележливо почнува да влијае на состојбата на останатите заби. Иако во прво време се чини неверојатно, треба да знаете дека промените што ќе ги претрпат останатите заби и коската низ годините, може да доведат до загуба на други заби. Со тоа се намалува способноста за џвакање, и како што се зголемува бројот на загубени заби, имате проблеми со изговорот, ги губите естетиката и самодовербата. Погледнете на анимацијата како се случува тоа:rn
rnЗатоа, реставрирањето на изгубените заби претставува обврска кон вашето здравје. Она што треба да го знаете за начините на надоместување на забите е следново:
1. Сите досегашни студии покажале дека денталните импланти се најсигурниот и најпредвидливиот начин да се третира губењето на забите. Светот веќе го одбележа 30-годишното искуство во поставувањето на дентални импланти, а стручњаците ја оценуваат успешноста на процедурата со над 97% во рамки од 10 години.
2. За разлика од денталните мостови, за кои е потребно состружување на најчесто здрави заби, денталните импланти се фиксирани за коската во која претходно бил сместен извадениот заб. Со тоа најреално се имитира природната всаденост на забите внатре во виличните коски.
3. Идеалната замена за забот кој се вади, со некои исклучоци, се прави при истата посета, со тоа што веднаш по вадењето се поставува имплантот заедно со привремен заб. На тој начин се постигнува максимално зачувување на естетиката и воопшто нема да ги почувствувате последиците од вадењето на забот.rn
rnИнформирајте се! Со соодветна нега, денталниот имплант ќе Ве служи доживотно.
Авторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

