Дали некогаш сте размислувале какво влијание на мозокот има живеењето во град, во предградие или во некоја друга густо населена локација? Благодарение на психолозите и магијата на геометријата можеби конечно имаме одговор на тоа прашање. Подготвени сте?
Погледнете ја добро оваа слика. Како ви изгледаат линиите? Дали тие се различни и ако да, која од нив е поголема? Не размислувајте многу… Се одлучивте? Продолжете со читање…
Еден од овие ефекти може да се забележи според тоа како ги гледате линиите на сликата погоре, како и според одговорот на прашањето која од нив според вас е поголема. Ако доаѓате од место со традиционални згради, поголема е веројатноста да кажете дека поголема е онаа на десната страна, кога всушност и двете линии имаат иста должина.
Илузијата не е базирана само на должина, според психолозите таа покажува како нашиот мозок ја применува длабочината на дводимензионалните линии. Тие сметаат дека причината за ова е тоа што ние сме навикнати на свет полн со линеарни градби, па нашиот мозок ја гледа десната линија која претставува два ѕида кои се оддалечуваат. Покрај ова, тие сметаат и дека луѓето кои подолго живееле во природа не потпаѓаат на оваа илузија.

