Премногу чувствителните партнери најчесто се емоционално интелигентни, внимателни и секогаш спремни да зборуваат за животните проблеми. Покрај овие предности, да се биде во врска со премногу чувствителен партнер може да биде и тешко, пред сѐ поради тоа што многу е лесно да му/ѝ ги повредите чувствата. Тие ги паметат работите кои сте им ги кажале, макар и тоа да било мал коментар на кој вие не сте обрнале посебно внимание. Наместо да го/ја осудувате поради ова, трудете се да ги избегнете следниве работи што најверојатно не му/ѝ се допаѓаат воопшто.
rn
1. Не кажувајте им дека се премногу чувствителни
rnМожеби мислите дека фразите од типот „Премногу лично ги сфаќаш работите“ ќе бидат корисни, но вистината е дека тие може ова да го сфатат навредливо или пак да почувствуваат дека ги осудувате. Подобро е да ги задржите овие коментари за себе.rn
2. Не бидете саркастични
rnСе разбира дека е дозволено одвреме-навреме да се пошегувате, но имајте на ум дека сарказмот може да биде погрешно сфатен. Затоа, бидете внимателни со своите шеги.rn
3. Не им кажувајте дека треба да бидат повеќе опуштени
rnНа пример, доколку сте излезени некаде, наместо да го терате вашиот партнер да пие повеќе и да се забавува, бидете задоволни што сепак бил подготвен да дојде со вас. Премногу чувствителните луѓе не умеат секогаш бргу да се опуштат.rn
4. Бидете до нив ако им треба рамо за плачење
rnМожеби од почетокот партнерот ќе го смета ова за непријатно, но со текот на времето ќе се опушти, па затоа, важно е да бидете до него/неа кога сте му/ѝ најпотребни.rn
5. Избегнувајте да им ги споменувате нивните болни точки
rnСекој од нас има болни точки што може да предизвикаат бурна емоционална реакција. Ова особено важи за премногу чувствителните личности. Ако вашиот партнер е таква личност, тогаш избегнувајте да ги започнувате овие теми.
rn
6. Не обидувајте се да им вршите притисок
rnПремногу чувствителните личности се карактеризираат и со голема нерешителност. Затоа, опуштете се и дајте му/ѝ го потребното време за да донесе одредени одлуки.rn
7. Обидете се да не звучите обесхрабрувачки
rnПремногу чувствителните партнери не се вклопуваат бргу во новите ситуации, па тие честопати ги избегнуваат другите луѓе, особено оние со кои не се запознаени. Затоа, трудете се да ги извадите надвор од нивната удобна зона, но задржете си ги сите други коментари за себе.rn
8. Не кажувајте им како да се однесуваат
rnЧувствителните луѓе премногу размислуваат, па затоа, не е добра идеја да ги терате да направат нешто или да ги убедувате во некои работи.rn
9. Задржете си ги критиките за себе
rnОва не значи дека не треба воопшто ништо да му кажете на вашиот партнер, но потрудете се да избегнувате да ги посочувате неговите недостатоци. Разгледајте ја подетално ситуацијата за да не направите да се чувствуваат уште полошо.rn
10. Запаметете дека тие не ве осудуваат
rnПремногу чувствителниот партнер ќе ви укажува на многу работи, а и постојано ќе ви поставува прашања од типот: „Дали си добро?“ или „Дали се случува нешто?“ Не сфаќајте ги погрешно, тие само се обидуваат да ве разберат подобро.


