Во денешно време стана сосема нормално да се запознаваме на Интернет, да си разменуваме профили наместо телефонски броеви и да ги поминуваме љубовните состаноци заедно со телефоните, известувајќи ги социјалните мрежи за сите „поважни“ моменти од заедничкото излегување. Иако технологијата и трендовите на многу начини ги олеснија и освежија нештата, сепак многумина од нас сѐ уште трагаат по љубов каква што имало порано. Љубов која е искрена, љубов која се базира на зборување и слушање во живо, љубов во која слободно можеш да кажеш како се чувствуваш…rnrnЕдна девојка се почувствувала преплавена со емоции од денешните врски, па решила да си го отвори срцето и искрено да ни каже дека трага по старомодна љубов. Еве зошто…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnСакам старомодна љубов во која работите се одвиваат полека, љубов во која нема сѐ да се случува со најголема брзина.rnrnСакам да излегуваме на состаноци, сакам да ја разберам личноста којашто е со мене, да ја слушам како зборува и да ја гледам како се однесува во живо, а не онлајн.rnrnСакам некој да ме викне на прв состанок, а не на „мување“.rnrnСакам да поминам време подготвувајќи се за тоа излегување, да се радувам танцувајќи низ собата заедно со пријателките. Сакам да дојде по мене и да ми летаат пеперутки во стомакот додека одам кон неговата кола.rnrnСакам да седам со него во ресторан и сериозно да разговараме за важни работи. Не сакам да слушам озборувања или да зборувам за најновите трендови. Сакам да зборуваме за животот, за нашето потекло, за нашето детство…rnrnСакам да слушам што има да ми каже додека седи спроти мене и сакам и тој да го прави истото. Не сакам да се натпреварувам со неговиот мобилен телефон и да се мачам да го придобијам неговото внимание.rnrn
rnrnСакам потоа да појдеме на прошетка бидејќи вечерта поминала добро. Сакам да одиме под уличните светилки, да се смееме и да се чувствувам исполнета со надеж. Сакам да ме испрати до дома, до мојата влезна врата.rnrnСакам да ја почувствувам неговата трема и возбуда пред да се обиде да ме бакне, без очекувања дека треба да ја поминеме ноќта заедно и одма да се ставиме во петта брзина.rnrnНо, најмногу од сѐ, сакам навистина да го каже она што го мисли на крајот од состанокот. Сакам да биде искрен и да ми каже дали му било забавно и сакам тоа да го мисли. И ако каже дека ќе ми се јави за да се видиме повторно, тоа да биде навистина така.rnrnНе сакам со денови да чекам и да се надевам дека ќе ми прати порака или дека ќе напише нешто за мене на социјалните мрежи. Сакам да ми се јави, сакам да му го чујам гласот. Не сакам играње игри, не сакам правила, сакам искреност и директност.rnrnАко сѐ помине добро и тој навистина се јави, сакам старомодна љубов. Сакам да дојде и да ме изненади со цвеќе. Сакам да м ја придржи вратата на излегување, бидејќи така треба.rnrnНе сакам многу подароци, не ми треба статус „во врска“ на Фејсбук, само сакам некој директен и искрен… Некој за кој нема да се преиспитувам дали ме сака и дали сака да биде со мене или не.rnrnСакам да ми донесе нешто кога ќе бидам болна. Сакам некој којшто ќе планира состаноци за кои јас нема да знам ништо однапред. Сакам некој кој ќе смислува романтични ситници за мене, бидејќи тие ситници се најважни.rnrnСакам некој кој ќе се бори за нас кога работите ќе станат тешки. Не некој што ќе си замине. Сакам некој со кој ќе можам да разговарам за нашите проблеми. Сакам некој кој нема само да стане и да си отиде, бидејќи проблемите се неизбежни, но секогаш може да се најде решение.rnrnИ освен сите желби кои ги имам, имам и многу љубов во себе која можам да ја дадам.rnrnСакам да му подготвам утринско кафе и појадок. Сакам да го изненадам со романтични потези како што го сакам истото и од него. Сакам да се грижам за него кога е болен. Сакам да му пишувам пораки на ливчиња и да му се јавам кога ќе го нема подолго време. Сакам да правам повеќе за него одошто ќе очекувам тој да прави за мене.rnrnСакам некој кој сака љубов каква што имале нашите баби и дедовци, бидејќи она што го имам научено од нив е дека тие успеале да опстојат заедно.[/message_box]
Искрено отворање на срцето: Зошто сакам старомодна љубов, а не играње игри?
