Сигурно имате слушнато дека ќе најдете љубов само кога ќе се сакате себеси. Иако можеби е нереално да очекувате да го сакате секој аспект од себе, реално е да го очекувате она што го заслужувате во врската. Ако се сакате и сте подготвени за врска, тоа значи дека сте подготвени да ја цените личноста којашто сте. Еве како изгледа љубовта кон себе.rnrn
rn
1. Искрени сте за она што го сакате
rnАко точно знаете што сакате во врската, и од вас и од партнерот, блиску сте до наоѓање врска. Еден начин да го разберете овој аспект од љубовта кон себе е да ги цените вашите вистински желби. Во ред е да сакате сериозна врска, а кога ќе го знаете тоа ќе почнете и да ја барате. Ако се преправате дека не сакате ништо сериозно, другите ќе го прифатат тоа и само ќе бидете повредени.rn
2. Преземате одговорност за вашите недостатоци
rnОва не значи дека ќе се ослободите од сите лоши навики. Но, многу е подобро да започнете врска ако знаете дека сте тврдоглави. На овој начин ќе најдете компромис со партнерот, особено за време на расправии.rn
3. Одвојувате време за себе
rnНајчест проблем кај луѓето во врска е тоа што ја губат својата независност. Да знаете кои активности ги сакате и што не сакате да правите е важен дел од вашата личност, дури и кога сте во врска. Ако веќе барате време за себе настрана од пријателите, работата или училиштето, тоа е добар знак дека сте подготвени за врска. Ова значи дека знаете да се направите приоритет додека истовремено вложувате љубов, време и поддршка во другите делови од вашиот живот.rn
4. Го прифаќате вашето минато
rnПовеќето луѓе имаат некаков емоционален товар. Но нема потреба да се срамите од ова. Да знаете дека сте поминале низ некое искуство коешто ве оформило е нешто што не можете да го промените. Прифатете го и имајте на ум дека вашата историја ве направила зрели. Кога ќе го направите тоа, ќе бидете подготвени да се движите напред.rnrnЗнаете ли дека некои видови среќа не можете да ги пронајдете во љубовната врска?
