КАФЕ ПАУЗА

Имате ли бели топчиња околу очите? Никако немојте да ги стискате!

Имате ли бели топчиња околу очите? Никако немојте да ги стискате!

Дали сте забележале ситни бели или жолти точки на очните капаци, под очите, на носот или на образите? Тие тврдоглави мали израстоци се нарекуваат милија и всушност преставуваат мали цисти кои се формираат под кожата.rnrnНастануваат кога делови од мртви клетки на кожата ќе останат заробени под неа и потоа се претвораат во мали цврсти бели топчиња. Внатре во нив има кератин, протеин кој го има во кожата и косата. Тие можат да пораснат и до 2 милиметри, но често се помали. Иако можат да се развијат кај секого, најчесто се појавуваат кај новороденчињата. Кај возрасните пак можат долго да траат. Како и да е, во двата случаи се безопасни и обично не е потребно да се лекуваат.rnrnИмате ли бели топчиња околу очите? Никако немојте да ги стискате!rn

Што го предизвикува нивното настанување?

rnНикој не знае што точно ја предизвикува нивната појава и зошто кај некои луѓе е поизразена отколку кај други. Но, според некои извештаи, прекумерната употреба на тешки козметички препарати може да го поттикне нивното настанување.rnrnМилијата исто така се поврзува со некои здравствени состојби, одредени лекарства и трауми на кожата, како изгореници, осип, дермаабразија, па дури и тетоважи. Во тие случаи, се работи за секундарна милија и тогаш топчињата можат да се појават каде било на телото.rnrnТие можат да се развијат на некои места на кожата откако прво ќе се создадат мали меурчиња, површни чиреви или трауми од други постапки.rnrnСличен процес се случува и со изгорениците од сонце. Бели топчиња може да се појават и кога кожата се лупи, при што мали парчиња од епидермисот остануваат заробени под површината на кожата.rnrnИсто така, постојат лекови кои можат да придонесат за нивниот развој, како што се инхибиторите на тирозин киназа кои лечат разни видови рак и кортикостероидите.rnrnИмате ли бели топчиња околу очите? Никако немојте да ги стискате!rn

Како да се ослободите од нив?

rnМилијата не треба да се лекува. Обично топчињата се губат за неколку недели до неколку месеци. Но, вие веројатно ќе сакате да се ослободите од нив без да чекате да се повлечат. Како и при други неправилности на кожата, и за милијата важи дека не треба да се стиска бидејќи тоа само ќе ја влоши состојбата на лицето.rnrnМожете да посетите дерматолог и секако препорачливо е добро да го негувате лицето иако неправилната нега, односно нехигиената на лицето не е нивниот причинител.rnПарењето на лицето или седењето под топол млаз вода во туш кабината може да ги омекне, после што дерматологот полесно ќе ги отстрани.rnrnНекои пробуваат да се ослободат од нив во домашни услови со помош на ружина вода или манука мед, но нема доказ дека тие навистина помагаат. Исто така, не е препорачливо да се користат пилинзи, бидејќи тие можат да ја влошат ситуацијата.rnrnПостојат некои докази дека лековите кои се базираат од ретиноиди од витаминот А можат да помогнат при лекувањето, па ако имате многу, вашиот доктор може да ви препише.rn

Кога треба да посетите дерматолог?

rnАко сте решиле дека сакате да се ослободите од овие мали топчиња, посетете дерматолог. Тие се бенигни и не бараат лекување, но дерматологот може ги дијагностицира и да ви помогне доколку се надразнети или естетски ви пречат.rnrnСамото отстранување во ординација е едноставно, бидејќи тие се површни, но сепак се нагласува да не се обидувате ова да го правите сами.rnrnПрочитајте ги и овие 5 јасни знаци дека користите крема што не одговара на вашиот тип кожа.