Оваа боја на очите е најретка во светот и ја има само 2% од популацијата. Ако имате привилегија очите да ви се зелени, тогаш заслужувате тие да бидат истакнати на вистински начин.rnrnЗелените очи можат да бидат во најразлични нијанси, од смарагдно зелена до зеленикаво-кафеава и жолто-зелена боја. Правилната шминка на зелените очи може целосно да ја открие нивната необична нијанса, фокусирајќи се на најдобрите тонови.rnrn
rn
Жените со зелени очи треба да ги следат овие правила:
rnНе користете премногу светла и сенка со светки, или премногу интензивни бои и комбинации. Зелената боја е доволно привлечна само по себе, па шминкањето со интензивни бои може да изгледа несоодветно.rnrnНајдобар „пријател“ ќе ви бидат мат нијансите, но никако не користете зелени тонови.rnrnЗа девојките со зелени очи, изборот на црн креон или „ајлајнер“ не е најидеалната опција. Наместо црн, користете креон во нијанса на чоколадо, златен или со сива боја која нема сребрен сјај. Ако сакате вашите очи да бидат уште поизразени, додајте бел креон, нанесувајќи го на внатрешните агли од очите.rnrnВашето лице ќе изгледа најдобро со минимална шминка во топлите нијанси на кафеавата или виолетовата боја.rnrnСамата зелена боја на очите е доволно убава и привлечна, па може да добиете спротивен ефект ако користите нападна или несоодветна шминка.rnrnМожеби сакате да прочитате и што открива шминката за вашиот карактер?