Дали сте подготвени да ја дочекате 2022 година? За сите нас беа тешки претходните две години, но време е да се подготвиме за нови почетоци. Загрижени сте за одлуките што треба да ги донесете оваа недела? Не грижете се и дозволете ѕвездите да ви го покажат патот. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп од 27 декември до 2 јануари за сите хороскопски знаци.rnrn
rn
Овен
rnОваа недела ќе имате повеќе енергија и инспирација да се посветите на целите во кариерата затоа што ќе научите да користите подобри стратегии. Околу средината на неделата ќе бидете преоптоварени со семејни и работни обврски. наместо да барате решенија од надворешни извори, погледнете внатре во себе. Во следниот период ќе бидете во добро здравје и најверојатно нема зошто да се грижите за тоа.rn
Бик
rnВо првите неколку дена од неделата ќе бидете инспирирани да вложите повеќе труд во односите со другите преку преземање иницијативи за разноразни активности и проекти кои ќе бидат во согласност со вашите долготрајни цели. Ќе се чувствувате повеќе ангажирани и мотивирани ако најдете начин на поврзување со заедницата околу вас. Што се однесува до здравјето, постои веројатност дека ќе имате проблеми со желудникот.rn
Близнаци
rnОваа недела ќе го покажете сиот свој потенцијал благодарение на транзитот на Марс во вашиот знак почнувајќи од среда. Периодот што следува ќе биде одличен момент за преземање конкретни дејства. Ќе имате можност да го претворите во реалност сето она за кое сте надевале. Околу четврток, ќе дојдете до сознание како да одржувате рамнотежа во блиска врска. Астролозите исто така ви предвидуваат решавање на долгогодишните здравствени проблеми оваа недела.rn
Рак
rnВо периодот што следува ќе бидете мотивирани да размислите за нови методи за примена на вашите знаења и вештини. Планетите ќе ви ја дадат потребната енергија за дејствување. Венера пак, ќе ви помогне да се поврзете со некого на подлабок и поискрен начин, што ќе ви помогне да се чувствувате сигурни во себе. И оваа недела здравјето добро ќе ве служи.rn
Лав
rnОваа недела ќе биде совршен момент да направите самоанализа. Под влијанието на Меркур, ќе имате помала желба за дружење, но и потреба да си посветите повеќе време себеси. Сепак, ако сакате да вложите време и напор во вашите врски, погрижете се тие да бидат со луѓе кои ви се важни. Во петок, под влијание на Месечината, ќе направите ризик да се ослободите од вашата монотона рутина. Сфативте дека ви требаат повозбудливи средби што ќе ви го прошират хоризонтот. Здравјето ќе ви биде добро оваа недела.rn
Девица
rnПод влијанието на Меркур, ќе можете полесно да го изразите она за што сте размислувале кога станува збор за иднината. Презентирајте ја таа идеја пред повисокото раководство и ажурирајте ја вашата биографија. На тој начин, ќе имате можност да ги покажете вашите вештини и способности. Месечината, од друга страна, ќе влијае врз вашето здраво расудување што ќе доведе до рамнотежа и стабилност што отсекогаш сте ги барале. Искористете го ова време да истражувате, да им посветите внимание на саканите, но и да се одморите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn