Иако планетите и ѕвездите ќе бидат во поволна положба оваа недела, сепак тоа не значи дека треба да се опуштаме. Пред Нова Година вообичаено остануваме без енергија, но добра вест е дека нè очекуваат убави работи. Еве што ни предвидуваат астролозите за периодот од 20 до 26 декември.rnrn
rn
Овен
rnВо текот на оваа недела ќе бидете успешни што се однесува до креативната и интелектуалната работа. Астролозите предвидуваат зголемена активност на ѕвездите и планетите, а тоа ќе ви помогне да ги решите проблемите кои ве мачат подолго време.rn
Бик
rnВо следниот период добро би било да се фокусирате на планирање за иднината, но и на она што е важно во сегашниот момент. Обидете се да се ослободите од канџите на минатото кои сè досега ве влечеа кон дното. Астролозите ви препорачуваат да се посветите на домашните обврски што ќе ви помогне да не мислите на грижите.rn
Близнаци
rnНе заборавајте дека среќата не зависи само од парите и материјалната состојба. Во текот на оваа недела посветете се на духовниот аспект од вашиот живот и пронајдете нова мотивација пред почетокот на новата година. Одвојте време за да донесете важни одлуки. Ова особено се однесува на новите познанства.rn
Рак
rnВо текот на оваа недела бидете повнимателни и следете ги знаците покрај патот. Можни се шансите да се појави нов додворувач. Првин обидете се подобро да ја запознаете личноста, а потоа да донесете некакви заклучоци. Влијанието на планетите ќе ви ја изостри интуицијата, па затоа слободно потпрете се на внатрешниот глас кога станува збор за љубов и финансии.rn
Лав
rnОваа недела е идеална за стекнување нови знаења и искуства. За да не дојде до прекин на виталната енергија, астролозите ви препорачуваат да поминувате колку што е можно повеќе време со луѓе чие друштво ви годи, но и слободно да им се препуштите на омилените активности како шопинг, масажа, читање книга или гледање добар филм. Сепак, внимавајте тоа да не се одрази премногу врз вашиот џеб!rn
Девица
rnВо текот на оваа недела фокусирајте се на работата и средувањето на домот бидејќи отстранувањето на негативната енергија од домот ќе ви помогне да го направите попријатно место за одмор. Оваа недела астролозите ви препорачуваат да бидете поотворени за нови познанства.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn