КАФЕ ПАУЗА

Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните

Храна која ќе ви помогне да се ослободите од акните

Дали сте пресметале колку трошите на гелови за миење лице и слични продукти кои ви ветуваат чистење на вашата кожа и ослободување од акните? Што доколку некој ви каже дека сè што ви треба за стабилизација и смирување на кожата се наоѓа во вашиот фрижидер? Она што го јадете многу се одразува на изгледот на вашата кожа. Затоа, обрнете повеќе внимание на вашата исхрана. Ова се топ 8 продукти кои ќе ви помогнат да се изборите против акните.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

Лосос

rnЛососот е богат со омега 3 масни киселини кои ви помагаат во борба против акните, а воедно придонесуваат за подобро расположение бидејќи ги стабилизираат хормоните. Стресот и хормоните се главни причинители за појава на акните, а здравите масти и протеините од лососот помагаат за покачување на нивото на колаген во кожата.rn

Спанаќ

rnСпанаќот лесно може да го комбинирате во секаков оброк, како салата, омлет, сосови од зеленчук и сл. Тој е богат со витамин Е, железо и протеини, со што помага во ослободување од акните, го одржува нивото на колаген во кожата и придонесува за чиста кожа.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

Бадеми

rnСодржат многу витамин Е, магнезиум и Б витамин. Имаат прекрасен ефект врз вашата кожа, богати се со природни влакна, и за разлика од други јаткасти плодови, имаат помалку калории.rn

Зрнеста храна

rnОдберете зрнеста храна како семе од сончоглед или тиква, пченка, разни житарки и сл. Зрнестата храна содржи протеини, здрави масти, витамини Е и Б, како и омега 3 и омега 6 масни киселини кои се одлични за вашата кожа, одржувањето на телесната тежина, метаболизмот, срцето и расположението.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

Кокосово масло

rnУпотребата на кокосовото масло е широка. Се користи како хранлива маска за коса, за борба против стрии, инфекции и дамки на кожата, затоа пожелно е да го имате во својот дом. Кокосовото масло е одличен антиоксидант и борец против штетните бактерии. Нанесувајте кокосово масло на чиста кожа и нема да имате потреба од никаков крем против акни.rn

Краставица

rnКраставицата ја хидрира вашата кожа и спречува нејзино сушење. Но тоа не е сè. Кората од краставицата содржи силициум, минерал кој се бори против акните и ја разубавува кожата одржувајќи го младешкиот лик. Но бидете внимателни. Доколку ја јадете и кората од краставицата, најдобро е да се снабдите со краставици од домашно производство кои не содржат пестициди.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrn

Леблебија

rnЛеблебијата е богата со цинк кој со бори против инфекции кои водат до појава на акни. Доколку во вашата исхрана месото и рибите се малку застапени, јадете леблебија за да ја балансирате исхраната. Воедно леблебијата содржи растителни влакна кои го стабилизираат крвниот притисок.rn

Портокалови растенија

rnБета каротинот и витаминот А се најголеми непријатели на акните. Затоа во вашата исхрана често вклучувајте моркови, тиква, диња, сладок компир и сл.rnrnХрана која ќе ви помогне да се ослободите од акнитеrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.