КАФЕ ПАУЗА

Грешки во изгледот што го спречуваат напредувањето во кариерата

Грешки во изгледот што го спречуваат напредувањето во кариерата

Written by

in

,

Ако имате цел што сакате да ја постигнете на работното место, обрнете внимание на вашиот изглед и на одредени трендови за убавина. Современите трендови за убавина ја кријат природната убавина, па сè што гледате на модните писти не е соодветно за во канцеларија, особено ако сакате да напредувате. Во продолжение погледнете кои грешки можат лесно да го спречат вашето напредување во кариерата.rnrnГрешки во изгледот што го спречуваат напредувањето во кариератаrn

Премногу темен тен

rnЛетото е кратко, никогаш не ви е доста од сонцето и никој не сака да има блед тен. Сепак, ако шетате низ канцеларијата цела година со портокалова боја на кожата и ги нервирате колегите заради тоа, вашите можности за напредување се многу мали. Современите работодавци претпочитаат да ги унапредуваат вработените со добар вкус, особено ако вашата професија е поврзана со комуникација со луѓе. Ако сакате да напредувате, изберете соодветна нијанса на бронзер – неколку нијанси посветла од вашиот природен тен со златен сјај, а не жолт.rn

Неприродни веѓи

rnБујните веѓи станаа многу популарни, но понекогаш изгледаат застрашувачки, а очите одбивни. Не дозволувајте да паднете на овој тренд, па ако сакате кариера, изберете експерт кој ќе ги направи вашите веѓи да изгледаат природно и неодоливо.rn

Неуредна коса

rnНесредената фризура и нечистата коса ги одвраќаат другите од вас, а ако вашиот работодавец е жена, тогаш дополнително треба да обрнете внимание на косата. Вашиот шеф размислува вака: „Ако не се труди да изгледа добро на работа, тоа значи дека работата не ѝ е важна, па зошто би ја унапредил“.rn

Неуредни раце и нокти

rnНеиздепилираните раце и долгите нокти изгледаат страшно. Одете во салон за убавина и потрудете се вашите нокти да изгледаат уредно, а маникирот секогаш да изгледа свежо.rnrnПрочитајте на што треба да внимавате ако имате видео-состанок од дома.