Во маркетингот веќе подолго време важи она правило дека сексот успешно го продава производот. Но сега, научниците тврдат дека откриле зошто точно сексот успева да влијае врз луѓето.
Истражувачите откриле дека, кога ќе здогледаме атрактивна девојка или маж на амбалажата на некој продукт, тоа поттикнува некој дел од мозокот кој не тера да купуваме импулсивно, без притоа рационално да размислиме. Истражувањето докажало дека рекламите кои содржат вообичаени и едноставни убедувачки факти, се помалку ефективни токму во делот на стимулирање на умот кон импулсивно и помалку рационално размислување.rnrnЕдна реклама во која згодна девојка стои со раширени нозе и презентира фармерки се покажала многу поефективна, отколку друга реклама за возило на која пишувало дека троши многу малку гориво за одреден број поминати километри.
Истражувачите од „Универзитетот од Северна Каролина“ поврзале 24 возрасни личности со монитори кои ги скенираат мозочните активности за време на двата вида реклами. Стапката на мозочна активност била далеку помала во рекламите кои содржат вообичаени и едноставни убедувачки факти.rnrn„Внимавајте на мозокот, но и на паричникот“ – вели д-р Иан Кук, кој ги објави резултатите од истражувањето во научното списание „Психологија и Економија“.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Сексот навистина продава, тврдат научниците
