Со своите цветови во прекрасни нијанси на пастелни бои, герберите предизвикуваат позитивни емоции и добро расположение.rnrn
rnrnПостојат околу сто различни видови гербери, ги има во неколку бои и секоја од нив симболизира нешто. Жолтите гербери симболизираат радост, црвените симболизираат страст и енергија, портокаловите гербери се симбол на здравјето и на животот, белите гербери претставуваат смирен ум, а розовите гербери симболизираат шарм и безгрижност.rnrnОпшто, герберите се сметаат за симбол на невиноста, убавината и чистотата. Тие растат во форма на грмушки, со висина од 20 до 40 центиметри и ширина од 30 до 45 центиметри.rnrnОвие цвеќиња се многу лесни за одгледување и не бараат многу грижа и внимание. Герберите сакаат сончеви и топли места и многу добро поднесуваат екстремна топлина во текот на летото. Само внимавајте почвата никогаш да не се исуши и да биде влажна во секое време, но само со онолку вода колку што е потребно за да не се исуши целосно.rnrnПогледнете ги фотографиите во продолжение за да најдете идеи за аранжирање на герберите во домот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте како се одгледуваат кали за да цветаат раскошно.
Гербери – цвеќиња создадени за најслатките букети
